Реклама
CelebrityНовости

(ФОТО) Скоро 20 години успешно ја крие: Сопругата на Здравко Чолиќ некогаш и денес

Реклама

Една од најголемите музички ѕвезди на овие простори, Здравко Чолиќ, со сопругата Александра е во брак од 2001 година. Миленикот на женската публика од сите генерации скоро 20 години успешно ја крие својата животна партнерка на која, пак, очигледно ѝ годи што нема потреба јавно да се експонира.

– Се запознавме во Макарска. Александра студираше во Белград, па продолживме да се гледаме. Подоцна почнавме и да излегуваме. Ме освои со својата едноставност и приврзаност. Ми се посвети, мисли на мене, се грижи со мене – раскажа во една прилика пејачот за својата сопруга со која се венчале на Први мај.

Малкумина знаат дека Александра, која инаку е професорка по географија, се појавува во еден спот на Чола, нумерата „Тебе чувам за крај“, кој е снимен во Лисабон. Здравко во улога на фотограф лута по романтичните улички на португалската метропола. Вклопувајќи ги во една целина, ја бара онаа финална слика на која ја открива жената која ја чува за крај. Тогаш во спотот се појавува мозаикот со ликот на неговата сопруга.

Маркетинг

Плод на нивната љубов се ќерките Уна и Лара. За легендарниот пејач и музичар родителството е сериозна улога, иако во една пригода призна дека сепак не е строг татко.

– Не сум строг родител и тоа ми е единствен проблем. Денеска средината повеќе влијае на децата и младината отколку на домот. Ако сега поставите исправна граница, еден ден децата ќе ви бидат благодарни – раскажа Здравко за своите деца.

Маркетинг

Токму поголемата негова ќерка, Уна Чолиќ, деновиве се најде на тапет во српските медиуми. Таа има 18 години и скоро 20.000 следачи на „Инстаграм“. Ужива да позира и слабост ѝ се луксузни брендови.

Со фотографиите кои секојдневно ги споделува на социјалните мрежи е јасно дека ги следи трендовите и не ѝ е проблем да си приушти брендирани чанти кои чинат и по 2.000 евра.

Поврзано

Back to top button