Новости

(ФОТО) Сања Кужет синоќа блескаше, во вакво издание не сте ја виделе досега

Advertisement

Преубавата Сања Кужет, водителка на „Ѕвезде Гранда“, познатото музичко шоу вечерва на сцената се појави во најсјајното издание досега.

Згодната водителка го отвори вечерашното натпреварување во преубав долг фустан во жолта боја кој ја истакна нејзината витка линија и грациозност.

Advertisement

Таа најави уште една незаборавна вечер и дружење со млади и талентирани пејачи кои се натпреваруваат за престолот ѕвезда на Гранд.

Инаку, Сања Кужет летово го прослави својот 40-ти роденден.

Advertisement

Ретко кој би рекол дека убавата водителка има толку години. Кужет е родена на 9-ти август 1983 година.

Сања Кужет е во брак со бизнисменот Немања Живојиновиќ, со кого го има синот Страхиња. Од првиот брак го има синот Андрија, а неодамна за српскиот портал „Мондо“ откри детали од првата средба со својата голема љубов.

„Првпат се сретнавме кога бевме многу млади, јас 21 година, а тој 23. Се запознавме на Крит, сосема случајно. Се видовме уште во авионот, а по 3-4 дена стапивме во контакт, моето и неговото друштво исто така се здружија и до крајот на одморот се дружевме.

Всушност, тоа беа другарски односи и не се случи нешто значајно, дури откако се вративме во Белград и продолживме да се дружиме, се појавија симпатии и имавме кратка врскичка во тоа време. Тоа беше едно убаво летување од кое се развија убави другарства што траат до денес“, изјави водителката.

Од нејзината приказна се добива впечаток дека сепак врската со Немања била судбинска. Летувањето во Грција завршило само со дружење, но по неколку години се случило нешто навидум случајно, но токму тогаш се разгорел пламенот на љубовта.

„Врската не беше загубена, се’ уште некој контактираше со некого од тоа друштво, и така се роди идејата да се собереме. Тоа беше само миг на среќа и околности, бидејќи кои беа шансите да се појавам таа вечер на таа собиранка, можев воопшто и да не излезам, во последен миг одлучив да дојдам.

Кога се отворија темите за разговор, имав можност да запознаам еден сосема друг Немања, иако и во она време беше мошне културно момче, тоа не се смени, но јас зборувам за зрелоста. Во тој поглед како да се две сосема различни личности… Што е и нормално, мажот на 23 години и мажот што го запознав 10 години подоцна – тоа е огромна разлика“, раскажа Сања за порталот „Мондо“.

Немања Живојиновиќ е маркетинг директор на автомобилска компанија. Тој, како што вели Сања, не сака да се експонира во јавноста, па ретко може да се види или да се дознае нешто повеќе за човекот во кој е заљубена убавата водителка.

„Еден поглед е доволен за да се разбереме, без премногу објаснување и трошење енергија на споредни работи“, вели Сања.

Таа за српските медиуми објасни зошто одлучиле приватноста да не ја споделуваат јавно.

„Направив пресек меѓу приватниот и деловниот живот. Сите мои профили на социјалните мрежи се деловни, тоа е наша заедничка желба. Тој дел од животот е во нашите срца. Не би сакала да давам премногу од себе“, вели  Сања.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button