(Фото) Кога Гавазова ќе замеша со колковите, цела меана станува на нозе и лета бакшиш од сите страни
Пејачката во уште едно свое беспрекорно издание
Направи лом, ги крена сите на нозе
Познатата фолк-пејачка Сузана Гавазова на својот последен настап во Струмица направи забава што ‘е се памети.
Облечена во фустан со животински дезен пејачката блескаше како никогаш досега, посебно за оние што беа во нејзина близина.
Во прашање е тесна и куса креација, со долги ракави и суптилно деколте, а Сузе ја носеше со гламурозни сандали, големи златни обетки и впечатлива шминка со црвен кармин и „зачадени“ очи.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Таа цело време играше и пееше како со музичарите, така и меѓу публиката, а беше наградена со убав бакшиш.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Впрочем сето ова може да се види и од снимките што „испливаа“ на социјалните мрежи, а на кои Гавазова изгледа како тигрица.
Како пејачката изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…