Реклама
Наши ѕвезди

ФОТО: Беа во врска десет години пред да стапат во брак – погледнете каква убавица е сопругата на Јоце Панов

Реклама

Македонскиот пејач Јоце Панов може да се пофали со богата музичка кариера. Тој освен што е популарен на македонската музичка сцена, успешен е и низ целиот Балкан.

ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм

Во изминативе години, кога се настапите во прашање, тој е еден од најбараните пејачи кај нас, но и има и чести гостувања во соседството.

ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм
ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм

– Во моментот најмногу сум сконцентриран во Србија и Хрватска, а Црна Гора веќе неколку години наназад сум стално присутен, изјави Јоце за „Музика 24“.

Маркетинг

Тој додаде дека поради тоа што македонските таленти не добиваат доволно поддршка и грижа од институциите во Македонија, се одлучуваат да работат надвор од нејзините граници.

ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм

-Кај нас е тешко во било што да се успее, освен ако си политичар хехехе… ние не вреднуваме таленти и не ги поддржуваме никогаш, можеби и не знаеме да ги препознаеме, но кога надвор ќе постигнат голем успех дури тогаш велиме дека е наш. Мислам дека тоа е најголемиот проблем. Кога би имало институции кои би се грижеле исклучиво само за вистинските таленти во било која област, би ги препознавале и би вложувале во нив, тогаш се би било поинаку. Деновиве бевме сведоци на фактот колку многу значи за една држава да има светски позната и респектирана личност, примерот со Новак Џоковиќ кој со својот кредибилитет покрена иницијатива кај многу светски имиња да донираат за Србија и Босна. Е кога така ќе почне да размислува нашата држава, тогаш ќе бидеме рамо до рамо со сите големи земји во светот, иако сме мала држава, кажа Јоце Панов за „Музика24“.

Маркетинг
ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм

Пред три години, Јоце одлучи да стави крај на ергенскиот живот и се ожени со својата тогашна девојка Марина Нацевска, со која беше 10 години во врска.

На свадбената прослава одржана во познат скопски ресторан присуствуваа голем број гости, а за одличната атмосфера се погрижи Благоја Грујовски.

„Доста е со ергенскиот живот и мене ми дојде време да се врзам, и тоа со онаа која ја засакав уште пред 10 години, за љубовта на мојот живот, за мојата Марина”, изјави тогаш Панов за „Вечер“.


По свадбената прослава младиот брачен пар замина на меден месец во Миконос.

ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм
ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм

Една година подоцна, како плод на нивната љубов се роди и нивниот син Лука.

ФОТО: Јоце Панов/Фејсбук

Околу тоа како новородениот син го добил името Лука, Панов за „Фокус“ изјави дека коцките сами се склопиле.

ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм
ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм

-Случајно името Лука многу им се допадна на сопругата, а во исто време и на кумовите. Јас не се мешав, оставив тие да одлучат. Коцките се склопија кога Марина и кумовите открија дека всушност истото име најмногу им се допаѓа -изјави Панов за „Фокус“.

ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм
ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм
ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм

Иако 2020 година беше лоша година за многумина, пејачот одлучи да ја искористи и максимално се вложи работејќи на својата кариера.

Тој одбележувањето на новогодишните и постновогодишните празници дополнително го надополни со новата песна на Јоце Панов насловена „Мојот град“, која има и српска верзија под името: „Светла мог града“.
Мора да се признае дека песната ги милува сетилата и предизвикува наплив на емоции. Тоа што е испеана и на македонски и на српски јазик докажува дека музиката нема бариери.

ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм

-Снимајќи во пандемија, снимавме според протоколите на СЗО и затоа имавме само 4 маси со две, три или четири лица на нив. Сите во видеото се мои лични пријатели, мнешу кои има и познати ТВ лица како водителката Ирена Спировска и ние намерно ја избравме секоја маса да има своја приказна, да фатиме момент на елеганција и софистицираност, како што е улогата на главната девојка со ракавици, капа и елегантен стил. Потоа добивме чувство на љубов, од двојка кој тој ужива во звуците на тамбурата со вино, а ние го доловивме и тој боемски тавернски момент со другите маси и друштва.

Многу ми е драго што прифатија да бидат дел од ова видео, бидејќи сите овие луѓе се познати и видливи во своите професии, како и во скопскиот боемски живот. Мислам дека имаме прекрасна песна, со многу искрена љубов и емоции, која и ја подарувам на публиката за убав почеток на оваа година” – раскажа Јоце панов во изјавата за Свет – Австралија.

ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм
ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм
ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм
ФОТО: Јоце Панов/Инстаграм

Поврзано

Back to top button