Реклама
Вирално

Фотографија што го потресе Балканот– татко се поздравува со својата малолетна ќерка и заминува во затвор заради дрва за огрев

Реклама

Немал избор и не сакал да краде од комшиите

На социјалните мрежи веќе со денови кружи една тажна фотографија од разделба на татко и ќерка од едно мало место во Босна и Херцеговина. На фотографијата која е настаната само неколку минути пред тие да се разделат, се гледа како мажот и неговата ќерка се прегрнуваат.

Маркетинг

Имено, тој заминал во Бихаќ за да отслужи својата затворска казна од шест месеци затоа што сечел дрва за огрев од државната шума.

Неговиот пријател од социјалните мрежи, Алмир Буљубашиќ, ја објави фотографијата за да апелира на јавноста, односно до добрите луѓе кои можат да му помогнат на семејството бидејќи во наредните шест месеци тие многу тешко ќе живеат. А доаѓа долга и студена зима…

Маркетинг

„Имено, таткото треба да оди во затвор на шест месеци заради три метри дрва од државна шума. Дрвјата ги носел на својот грб бидејќи нема трактор. Како што вели самиот, тоа го направил бидејќи не можел да обезбеди огрев, како што не може ни да го прехрани семејството. Не сакал да краде од комшиите, ниту пак, да краде од продавниците. Немал друг избор“ пишува Алмир на Фејсбук

„Она што го боли Фикрет и неговите најблиски, и пријателите.. е тоа што постојат лица од Краина кои добиле помали затворски казни за обид за убиcтвo и нанесување на тешки телесни повреди, како и за продажба на дpoга во своите затемнети ѕверови од автомобили. Е тоа е неправдата во нашето општество. Можеби премногу сме субјективни, можеби не е етично ова што го пишуваме, но не сакаме да бидеме само траг на екранот“, напиша неговиот пријател на социјалните мрежи.

Поврзано

Back to top button