Фотографија стара скоро три децении – погледнете како изгледаа Ирена Спировска и Игор Џамбазов во 90-тите, ќе се изненадите!
Еден детаљ на фотографијата сите го забележуваат
Фотографија од времето кога познстиот актер и шоумен Игор Џамбазов и Ирена Спировска беа колеги која деновиве „исплива“ на социјалните мрежи.
Почетоците на нашата позната водителка се врзуваат со македонската телевизија, кога таа уште од средношколските денови ја започна својата кариера. Таа на почетокот од кариерата се занимаваше со манекенство, а првите чекори на модните писти ги направи во раните деведесетти.
Во 1993 година беше избрана за Зимска убавица на Македонија, а по некое време ќе реши да им се посвети на студиите по книжевност и на работата во телевизијата, професија со која што се занимава и денес.
Таа денес е една од најпознатите водителки во Македонија и синоним за успешна и богата телевизиска кариера.
Ирена првиот хонорар во животот го има заработено во своите средношколски денови кога ја снимила првата реклама.
Потоа станува дел од познатата модна агенција „Моделс Ин“, а по некое време ќе се пријави на аудиција во Македонската Радио Телевизија. Од околу 200 пријавени девојки, Ирена ќе влезе во потесниот избор, од кои само 10 ќе бидат хонорарно ангажирани во телевизијата.
Поради овој ангажман ќе реши да се откаже од изборот за мис на Македонија и целосно ќе се посвети на својот нов предизвик.
Таа денес работи во телевизија Алфа, а старата фотографија што исплива деновиве, а на кои е со легендарниот Игор Џамбазов е од 90-тите години на минатиот век.
Фотографијата е од емисијата „Летен езерски бран“ во продукција на МРТВ, а направена е во хотелот Десарет во Охрид.
Тие тогаш беа водители на летната програма во МРТВ, а ова воедн на Ирена и беше прв посериозен телевизиски проект.
Интересно за Ирена е и тоа што таа и денес ја негува својата долга кадрава црна коса која не ја менува од самите почетоци на кариерата. Тоа е нејзиниот заштитен знак, а што се однесува до нејзиниот феноменален природен изглед, кој веќе со децении не само што не се менува туку од година во година станува сé подобар и подобар, а таа сé поубава и поубава, водителката во една пригода ќе открие:
„Многумина ме прашуваат како постигнам да си го задржам младешкиот изглед. Тука нема некои тајни. Покрај тоа што нешто наследив од моите, јас сум позната по тоа дека месо не јадам“.
„Се хранам вегетеријански, уживам во сите оние јаткасти плодови, бадеми, лешници, семки од кајсии, од праски, индиски и бразилски ореви, помешани со најразновидни сезонски салати. Луѓето се чудат што може тоа да ме држи по цел ден, а ете може. è е до одвика и навика, а мојот организам поодамна сум го навикнала на овие јадења и одвикнала од оние мрсни манџи со кој знае какви мезиња“, изјави Ирена во една пригода за дневниот весник „Вечер“.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска