Фотографија со емотивна објава што го расплака целиот Балкан и ПОСЛЕДНИТЕ зборови на Тоше пред cтрашната несреќа
Како да претчувствуваше дека нешто ќе му се случи…
„Правам грешки, како и секој нормален човек, секојдневно. Не сум безгрешен, светец, ниту ангел, далеку сум од тоа, но исто така сум и далеку од грдите приказни што ми ги препишуваат откако сум познат“ изјви Тоше во своето последно интервју што го даде само неколку часа пред неговиот живот да згасне во сообраќајната несреќа што се случи во Хрватска, во близина на Нова Градишка…
Легендарниот македонски пејач Тоше Проески доколку не се случеше несреќата ќе наполнеше 42 години.
Неговите најблиски во Крушево секој негов роденден се уште го одбележуваат, а сестрата на Тоше, Дора, на својот профил на Инстаграм ја покажа и тортата.
„Секој твој роденден Тоше наша е воздишка“, пишува на тортата покрај која стои чинија со жито и со која ги расплака сите.
Потсетуваме, животот на нашиот познат пејач Тоше Проески згасна во тешка сообраќајна несреќа што се случи во 2007 година близина на Нова Градишка во Хрватска. Тогаш автомобилот во кој беше Проески удри во камион, а со реконструкција утврдено е дека пејачот загинал на лице место, веднаш по ударот во задниот дел од камионот.
Инаку, Проески своето последно интервју го даде само неколку часа пред да се случи страшната сообраќајна несреќа.
Иако сите го памтиме со насмевка и ведар дух, Тоше тој ден беше некако нерасположен и прв пат во неговата блескава кариера се пожали дека е изморен од популарноста и дека тешко се носи со славата, Тој тогаш наведе и дека радо би се повлекол од јавноста, што многумина ги изненади бидејќи никогаш претходно не зборувал така.
„Сакам, но не можам. Машинеријата ме стави, како што велат, во тапан и готово. Нема враќање. Барам одмор од секојдневните интервјуа, шминкање, тргање на шминката, пакување. Патувања во Загреб, па назад, патување во Австралија… Од сé ми е до тука“, покажа тогаш Тоше со раката преку главата и додаде:
„Правам грешки, како и секој нормален човек, секојдневно. Не сум безгрешен, светец, ниту ангел, далеку сум од тоа, но исто така сум и далеку од грдите приказни што ми ги препишуваат откако сум познат“, изјави тогаш Тоше.
Бонус галерија
Гробницата на Тоше од 160.000 евра
Емисијата „360 степени“ што се емитува на Алсат М телевизија уште пред неколку години го најави идејното решение за гробницата на Тоше Проески, која денес изгледа потполно идентично како и анимацијата.
Како изгледа денес гробницата на Тоше вредна 160.000 евра, што ја изгради македонската влада, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, 360 степени
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, 360 степени
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, 360 степени
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, 360 степени