Реклама
Холивуд

Фотографија од принцот Хари од која сé започна, а ќе ви го скрши срцето

Реклама

Велика Британија се тресе заради МЕГЗИТ

И исто како што Обединетото Кралство со едната рака ја држи кваката и сакат да си замине од ЕУ, а со двете нозе се држи за европското тло, така и Меган Маркл сака да избега од кралицата, но и да го задржи принцот.

Маркетинг

Ставовите за оваа модерна драма се поделени, а на расплетот не му се гледа крајот. Многумина се на страната на Меган, но другите пак жестоко ги критикуваат.

И тоа истите оние што до вчера ги критикуваа дека се расфрлаат со парите на сметка на даночните обврзници, сега, откако Меган и Хари изјавија дека не сакаат повеќе да живеат од џепарлакот на нивната баба, се најгласни и не престануваат да ја критикуваат таквата нивна одлука.

Маркетинг

Но принцот Хари ниту во еден момент не кажа дека не сака да работи за круната, туку само дека не сака да биде во првиот ред на оние што ја носат. Без разлика дали е изманипулиран од страна на Меган или тој самиот е манипулатор, сите оние што овие денови го напаѓаат треба да погледнат една слика – малото престрашено момче кое ја изгуби својата мајка во парискиот тунел и тоа токму под тркалата на осудата и бројните дворските и медиумските сплетки.

Погледнете ја сликата од малиот Хари на погребот на Дајана.

Фото: Гери Пени, ЕПА

Токму тој пред целиот свет призна дека откако ја изгуби својата мајка побарал стручна помош и се борел со депресија. Токму Хари повеќе пати се обидуваше да ја тргне и сокрие својата сопруга и тукушто родениот син.

Токму тој пред медиумите постојано зборуваше „Ја изгубив мојата мајка, не сакам да ја изгубам и сопругата“.

И што направи тој? Па реши да се тргне.

И Британците најмногу треба да ги поддржат во тоа. Тие што и да прават во животот, секогаш ќе бидат принц и војвотка.

А тоа како ќе се грижат за своето семејство, бидете сигурни дека некако ќе преживеат. Не треба да заборавиме и на нивните привилегии. Уште откако е роден Хари Чарлс Алберт Дејвид Маутбатен Виндзор најверојатно е единствениот човек на светот кој два пати не мислел на парите.

Ни тој, ни Меган, ниту пак нивните внуци нема да гладуваат, во тоа бидете сигурни, како и дека нема да престане да се грижи како татко и сопруг заради информациите што ги пласираат медиумите, а со кои јавноста се храни.

Извор: Blic.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button