Реклама
Наши ѕвезди

Фолк-пејачка е во изолација, не може да дише заради проблемите со коронавирусот: „Се распаѓам, градите ќе ми пукнат од болка!“

Реклама

Нејзината состојба е лоша

Нела Биљаниќ

Фолк пејачката Нела Биљаниќ која своевремен учествуваше во ријалитито „Фарма“ откако дозна дека е позитивна не излегува од куќата во која живее.

Таа е во дел од семејната куќа кој е потполно изолиран и никако не контактира со членовите на своето семејство меѓу кои се и нејзиниот внук и татко.

Маркетинг

Откако дозна дека е позитивна, се затвори во поткровјето од куќата и целото време го поминува таму.

Фото: Принтскрин (Нела Биљаниќ)

Пејачката е во изолација и се чувствува многу лошо, а ако ситуацијата не се подобри ќе оди во болница.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Нела Биљаниќ

Таа има проблем со дишењето и од болка не може да зборува, пренесуваат медиумите

Папарацо лов

„Се распаѓам. Градите ќе ми пукнат од болка“, изјави таа кратко.

Инаку, во последно време голем број познати естрадни ѕвезди заболеа од корона. Меѓу нив беше и Цеца Ражнатовиќ, која беше позитивна, па се излечи, а во моментов во изолација е и пејачката Милица Тодоровиќ.

Таа реши да ја помине изолацијата со својата колешка Славица Чуктераш која исто така е позитивна на вирусот.

Фото: Инстаграм/ Славица Чуктераш

Најпрво Славица откри дека е инфицирана со корона, а потоа се тестираше и нејзината пријателка Милица која се дружеше со неа последните неколку дена.

„Направив тест кога и Славица, затоа што последните неколку дена бевме заедно и тестот покажа дека сум позитивна“.

Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ

„До вчера се чувствував добро, не знаев дека имам корона, но денес почнав да го чувствувам првиот симптом – температурата. Во домашна изолација сум, заедно со Славица, се придржуваме до се’ што ни е препишано од страна на докторот и така ќе остане се’ додека не се чувствуваме подобро и тестот не покаже дека сме негативни на вирусот“, изјави Милица, пишува порталот „Блиц“.

Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Милица Тодоровиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button