Фолк-пејачката Ирена Спасовска се соблече во бикини – комплименти фрчат од сите страни, само ТОЈ пука од љубомора!
Познатата фолк-пејачка повторно со своите фотографии ја крена температурата на социјалните мрежи
Откако ги наполни батериите на одморот во Египет, фолк-пејачката Ирена Спасовска замина за Италија каде што деновиве има неколку настапи.
Од фотографиите што Ирена ги објави деновиве на својот профил на социјалните мрежи можеме да заклучиме дека на одморот си поминала одлично, а не стивнуваат и реакциите и комплиментите што пејачката ги добива од своите верни обожаватели. „Вистинска бомба“, „Ѕвездо уживај и имај убав одмор“, „Прекрасна си Иренче, Браво. Лепото, уживај во убавините. Убавината е кога човек ќе проба сé, поздрав убавице и уживај во животот“, и порачаа тие.
И можеби најинтересна беше фотографијата на која Ирена позира покрај камила, а во коментарите еден корисник на социјалните мрежи и кажа дека на оваа фотографија ќе и љубомори реперот Тајзи, по што Ирена напиша дека „не е на одмет и малку љубомора и нека пати“.
По ова се јави и реперот и стави срценце под нејзиниот коментар на Фејсбук.