Реклама
Наши ѕвезди

Фолкерот прележа корона, па се разведе – шок детали од животот на ПОБЕДНИКОТ во Ѕвездите на Гранд, ова никој не го очекуваше!

Реклама

Пејачот и првиот победник на Ѕвездите на Гранд Бане Мојиќевиќ реши отворено да позборува за разводот со Милица.

Фото: Инстаграм/ Бане Мојиќевиќ

Ова е прв пат пејачот отворено да зборува на оваа тема.

„Вистина е дека се разведовме, неофицијално пред половина година, а официјално пред две недели. Но она што можам да го кажам е дека сега сме во подобри односи отколку порано, очигледно дека требало да е разделиме за да се средат нашите односи. Навистина, потполно нормално комуницираме“ – изјави Бане за Блиц, додека од порано е познато дека имаат проблеми во брачната заедница.

Маркетинг

„Нема тука некои конкретни причини. Немаше никакви драми, скандали или афери, престанаа емоциите и комуникацијата на тоа ниво. Едноставно секој од нас тргна по својот пат и пред нас е нова животна етапа“, додаде Мојиќевиќ, па се префрли на темата во врска со имотот што го стекнаа заедно за време на бракот. Тој вели дека лесно се договориле за поделбата на имотот и дека брзо го решиле проблемот.

Фото: Инстаграм/ Бане Мојиќевиќ

„Не е крај на светот, и двајцата продолжуваме понатаму, заклучи популарниот пејач.

Маркетинг

Инаку Бане неодамна откри и дека прележал корона вирус, а зборуваше отворено и за ситуацијата во естрадата.

Фото: Инстаграм/ Бане Мојиќевиќ

„Јас на време завршив со тоа, прележав и сега сум мирен, можам да и се посветам на музиката Уште не знаеме кога ќе почнеме нормално да функционираме, да патуваме и да работиме, но за тоа време можеме да се подготвиме“, изјави Мојиќевиќ како гостин во една емисија на розовата телевизија. Тој додаде дека не сака да е жали на моменталната ситуација, иако не настапува со месеци.

„Цели 16 години сум на естрадата, доста работи доживеав и преживеав, сега сум на некој нов почеток. Повторно се брои времето по оваа година. Синот трга на училиште, тоа е новиот предизвик, ќе видиме како ќе функционира тоа. Не би менувал ништо, само би го надоградил и би продолжил со овој пат по кој тргнав да се развивам. Јас сум скромен, задоволен сум од моменталната состојба, се обидувам да се подобрам, но не се бунам што ситуацијата е ваква“.

Фото: Инстаграм/ Бане Мојиќевиќ

Инаку, не би имал шест месеци да се одморам и да му се посветам на семејството, изјави неодамна познатиот фолкер.

Што се однесува до сопругата, тој вели:

Не се гледавме неколку месеци, но заради децата комуницираме постојано. Отсуството од куќата и семејството тешко ми падна, искрено одговори Бане, а потоа потврди дека тој е причината за проблемите.

Фото: Инстаграм/ Бане Мојиќевиќ

„Јас бев тој што направи глупост. Заради некое свое размислување го доведов бракот во криза, но не беше во прашање неверство. Децата се уште се мали, но секако дека почувствуваа дека нешто се случува, иако се трудевме проблемите да ги држиме меѓу нас“, заклучи тој.

Фото: Инстаграм/ Бане Мојиќевиќ
Фото: Инстаграм/ Бане Мојиќевиќ
Фото: Инстаграм/ Бане Мојиќевиќ
Фото: Инстаграм/ Бане Мојиќевиќ
Фото: Инстаграм/ Бане Мојиќевиќ
Фото: Инстаграм/ Бане Мојиќевиќ

Поврзано

Back to top button