Фолкерот ги шoкиpaше фановите, го критикуваат дека изгледа АНОРЕКСИЧНО: Престани да слабееш, не изгледаш убаво!
Многумина се загрижени за неговото здравје…
Фолк пејачот Дарко Лазиќ моментално престојува на Копаоник заедно со својата сакана Марина Гагиќ и нивниот син Александар. Тие и двајцата од зимскиот одмор редовно се огласуваат на социјалните мрежи, а со една од своите последни објави пејачот предизвика бура од реакции.
Имено, Дарко позираше на снегот, а од фотографијата може да се види колку е ослабнат. Но токму поради тоа и беше критикуван.
Голем број фанови му порачаа дека изгледа преслабо, па дури и анорексично, и дека веднаш треба да престане со слабеењето.
„Враќај минимум 10 килограми, под итно“. „Изгледаш анорексично“, „Добро што ослабна, но немој. Премногу, не е баш убаво“ му порачуваат тие.
Покрај овие коментари, кои сепак се добронамерни, имаше и такви во кои корисниците на социјалните мрежи го навредуваат пејачот.
„Бато, многу си грд“, „Сељак си е сељак“, „Како ти оди со фејк часовникот“, пишуваат хејтерите на Инстаграм.
Ова секако дека не е прв пат познатиот печат да ги изненади фановите со своја трансформација, но ова многумина го сметаат за врв во неговата кариера.
„Навистина сте безобразни… Секој би се променил да ослабне толку како него. Кога е дебел, го вреѓате. Човек не може никако да ви угоди“, пишува една обожавателка во коментарите на која очигледно и се допаѓа новиот изглед на познатиот пејач.
Пејачот го промени и имиџот
И покрај тоа што за многу краток период ослабна неверојатни 70 килограми, тој не застанува со промените. Пејачот неодамна ги изненади своите фанови и со неговата нова фризура, а од коментарите на социјалните мрежи можеме да видиме дека сите се“ и повеќе од воодушевени.
Да потсетиме, Дарко ослабна откако направи операција за намалување на желудникот. Еве што изјави тој во една пригода
„Како повторно да се родив. Никогаш не сум бил олку згоден. Добив елан повторно да купувам нова гардероба, убаво да се облечам. Но од физичкиот изглед многу поважно ми е тоа што болките речиси да престанаа“.
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
„Сега можам цела ноќ да спијам, но и да се движам, бидејќи со вишокот килограми имав проблем да застанам на сопствените нозе“ зборуваше пејачот.
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ