Фолкерката Сани позираше без гpaдник и им го сврте умот на мажите – погледнете го ова опасно издание на убавата пејачка

Нашата позната пејачка, Сани Гроздановска, сподели неколку фотографи со кои ги разбранува социјалните мрежи, а посебно припадниците на посилниот пол.

Пејачката Сани Гроздановска повторно играше на картата на провокацијата и тоа повторно беше полн погодок.
Гроздановска овој пат позираше во широки панталони и „оверсајз“ сако, но покрај впечатливата портокалова боја во центарот на вниманието е и нејзиното деколте. Имено пејачката реши да „фура“ еден од најпознатите трендови во последните неколку сезони – сако без гpaдник, а нејзината комбинација им се допадна на фановите.
Инаку, Сани важи за една од најплатените и најангажираните пејачки кај нас, а за нејзините настапи секогаш се бара карта повеќе. Но како и сите останати нејзини колешки и колеги, и таа има многу помалку настапи заради пандемијата со вирусот корона, и одвај чека да заврши кризата за да и се врати на својата најголема љубов – музиката. Колку и недостига тоа, можеме да видиме и од нејзината нова тетоважа со која неодамна се пофали на Инстаграм – виолински клуч со ружи, а на кој пишува среќа, љубов и независност.

Инаку, Сани е мајка на две ќерки. Постарата Викторија која оваа година треба да наполни 12 години ја доби од првиот брак.

Покрај Викторија, Сани ја има и ќерката Ева која што ја доби во Ноември 2017 од бракот со партнерот Мартин Гроздановски.

Шармантната пејачка во една пригода за Гламур магазин изјави дека токму семејството и е најголема поддршка во она што го работи, а најголема релаксација и е кога по работа ќе си дојде дома и ќе се гушка со децата.

Што се однесува до стилот што го носи, Сани очигледно знае како да го привлече вниманието на публиката, што можеме да го видиме и од следниве фотографии.

Таа знае како да ја истакне својата природна убавина, а во однос на тоа што мисли за пластичните операции, познатата пејачка за Гламур ќе изјави дека нема ништо против кога тие се во разумни граници.
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
Фото: Инстаграм/ Сани Гроздановска
