Реклама
Наши ѕвезди

Фолкерката прво напиша „Филиче, те сакам“, а потоа бecна pacпали: „КВИЧЕВТЕ ЗА 500 ЕВРА, дремете дома сега“ (фото)

Реклама

Ова никој не го очекуваше

Поради пандемијата Ковид 19 која го тресе целиот свет, многу луѓе останаа без работа и многу бизниси пропаднаа.

Маркетинг

Во Македонија се воведоа многу рестриктивни мерки, меѓу кои и целосно затворање на кафулињата и угостителските објекти.

Со самото тоа пејачите останаа без редовните свирки кои ги имаа, па многумина од нив мораа да се снајдат на различен начин за да дојдат до финансии.

Маркетинг

Пејачите поради тоа се одлучија и за привремена промена на професијата.

Сепак, по регистрирањето на сѐ помал број на новозаразени пациенти и по-чинати од Ковид 19, Владата одлучи дека од 2. јуни граѓаните ќе можат да се движат без маски на отворено, ќе се дозволи организирање свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, а ќе биде дозволено и присуство на публика на спортски натпревари што се одржуваат на отворено до 30 проценти од вкупниот капацитет на посетители.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека иако епидемијата спласнува, граѓаните да останат внимателни.

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

Веднаш само по најавата дека летово ќе биде дозволено одржувае на свадби, среќна со ваквата одлука се огласи и македонската фолк-пејачка Сања Сани Гроздановска.

„Почнаа со букирање на свадби, ајде аирлија. Венко те сакам! ”, напиша Сања.

Таа е доста активна на социјалните мрежи каде понекогаш знае директно да ги коментира и критикува донесените мерки на властите, но и постапките на своите колеги.

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

Така беше случај и пред неколку дена кога на својот профил на фејсбук се огласи и порача:

„Епа квичевте за 500 евра да земете од државата. Дремете дома сега. Ве платија да ви ја затоворат устата“, напиша пејачката.

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

Таа е една од музичарите кои заради пандемијата ја променија својата професија и за тквиот чекор ја информираше војата публика на социјалните мрежи.

Имено, таа започна да работи во неодамна формирана компанија за мобили услуги „Green mobile“.

Засега не го конкретизираше работното место, работната позиција, ниту пак висината на примањата, која што и да работи е секако далеку помала од естрадните пари, ама како што е познато, не е време за пребирање.

Пејачката доби многу честитки и убави желби упатени преку коментари под објавата.

Највпечатлива беше онаа од нејзиниот колега Трајче Толевски.

„По многу години воспитување, дојде време ти да кажеш ‘се вработив’… Ти не се вработи, ти си тука само за да ги ‘просветлиш’ користејќи го твојот светски имиџ… Само се секирам што ќе биде со тој што ќе одбие да потпише договор? Господ напомош“ – шеговито напиша музичарот.

На написите во медиумите дека професиј сменила затоа што морала, Сани возрати:

„Да ги исправам порталите!!! Сани НЕ мораше!!! Фала Богу Сани добро заработи пред короната! Сани сакаше да докаже на сите злобни луѓе кои ги навредуваа пејачките дека е неспособни, дека се многу поспособни од нив што седат и по цел ден шират злоба по фејсбук!!!!“

„Сани не прави ништо од што би се срамела!!! Сани е мајка, домаќинка, пејачка и работник!“

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

Инаку Сани од 2017 година е во брак со нејзиниот избраник Мартин, со кого беше во врска неколку години.

Ова е втор брак на Сани која има ќерка Викторија, која има 11 години. Во номеври во 2018 година, Сани ја роди својата втора ќерка која се вика Ева.

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

Шармантната пејачка во една пригода за Гламур магазин изјави дека токму семејството и е најголема поддршка во она што го работи, а најголема релаксација и е кога по работа ќе си дојде дома и ќе се гушка со децата.

Повеќе нивни заеднички фотографии погледнете во продолжение:

ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук
ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук
ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук
ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук
ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук
ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук
ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук
ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук
ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук
ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук
ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук
ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук
ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук
ФОТО: Сања Сани Гроздановска / Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button