Фолкерката ги моли гостите да не и даваат бакшиш?! Цела ПОКРИЕНА СО ЕВРА, фрчат пари од сите страни
Вакво нешто не сте виделе
Пејачката Злата Петровиќ не знае што да прави со бакшишот
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Злата на една приватна забава заработува илјадници евра за само неколку минути.
Имено, таа само со една песна зема неколку илјади евра, а во еден момент седна на подот додека по неа фрлаа пари.
„Немој, те молам. Ме покри со пари. Ти благодарам многу“, изјави Злата, а потоа продолжи да пее, додека евра летаа од сите страни.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Како што самата пејачка откри во една прилика, таа секогаш заработува голем бакшиш, посебно кога пее приватно кај колеги.
„Секогаш некој ќе ме замоли да станам и нешто да испеам, па што да правам?! Не можам да ги одбијам луѓето. Гостите во тој момент ќе скокнат, ќе почнат да делат бакшиш и јас само ќе продолжам да пеам како да не сум дојдена приватно. Изгледа тоа ми е професионална деформација. Секако, парите после им ги дадов на музичарите и колегите кои веќе работеа на роденденот, ништо не земав за себе“, изјави познатата фолк-пејачка за српскиот портал „Република“.