Езерото Накуру кое е дел од истоимениот национален парк во Кенија преставува дом за многу разновидни животни.
Но ова прекрасно место иако изобилува со носорози, зебри, жирафи и лавови, сепак заради само еден вид животни е уникатно на нашата цела планета.
Имено, Накуру, соленото езеро во Големата долина кое се наоѓа јужно од Накуруа во Кенија познато е по голем број алги.
Благодарение на овие алги ова солено езеро привлекува милиони фламинга кои доаѓаат од целиот свет.
Научниците претпоставуваат дека секоја година Накуру го посетува од еден до два милиони од овие преубави розови птици од родот „Phoenicopteriformes“ кои се виновни за волшебните глетки на ова прекрасно место.
На езерото живеат и голем број други животни заради што во 1961 година од страна на кениската влада е основан Националниот парк на езерото Накуру кој се протега на подрачје од 188 км2.
Фламингата годишно ќе изедат околу 250.000 килограми алги по хектар од површината на езерото. Но загадувањето и големите суши ги уништуваат алгите со кои фламингата се хранат заради што мигрираат на блиските езера, Елментеита, Симби Ниама и Богорија.
Розово фламинго или големо фламинго (науч. Phoenicopterus roseus) — најраспространет вид од семејството на фламингата. Се среќава во делови од Африка, Индискиот Потконтинент, Блискиот Исток и јужна Европа, вклучувајќи ја и Македонија. Некои населенија се преселници на кратко растојание и се среќаваат посеверно од вообичаениот опсег.
Го има во делови на Африка, јужна Азија (Бангладеш и крајбрежните региони на Пакистан, Индија и Шри Ланка), на Блискиот Исток (Бахреин, Кипар, Ирак, Иран, Израел, Кувајт, Либан, Палестина, Катар, Турција и на Обединетите Арапски Емирати) и јужна Европа (вклучувајќи ги Албанија, Грција, Италија, Црна Гора, Македонија, Португалија, Шпанија и јужна Франција). Најсеверно место за размножување е градот Фреден во западна Германија, близу до границата со Холандија. Забележано е дека тие се размножуваат во Обединетите Арапски Емирати на три различни места во Емиратот Абу Даби. Во Гуџарат која е сојузна држава во Индија, фламингото може да се забележи во засолништето за птици Нал Саровар, засолништето за птици Киџадија, градот Фламинго и засолништето за птици Тол. Тие остануваат таму во текот на целата зимска сезона.
Животниот век на фламингото, според зоолошката градина во Базел е над 60 години.
Најстарото познато розово фламинго е жител на зоолошката градина Аделаида во Австралија, и има барем 77 години. Точната возраст на птицата не се знае, бидејќи веќе бил возрасен кога го донеле во зоолошката во 1933 година, и сè уште бил жив во 2011 г.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Фламинго, Езеро Накуру
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Фламинго, Езеро Накуру
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Фламинго, Езеро Накуру
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Фламинго, Езеро Накуру
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Фламинго, Езеро Накуру