Од 1 јули во Србија ќе биде забрането користење на хартија која сега се користи за производство на фискални сметки бидејќи содржи канцерогена хемикалија бисфенол А (БПА).
Заради ова хемикалија најзагрозени се вработените на касите и шалтерите, кои на работното место постојано се во контакт со отровната материја. Покрај фискалните сметки, оваа опасна хемикалија се наоѓа и на хартијата на која се печатат потврдите за плаќање, како и броевите за ред во банките.
Докажано е дека го има и во пластичната амбалажа која се користи за пакување на храна, како и во лименките, но Министерството за заштита на животна средина на Србија се уште нема намера да ги забрани нивната употреба. Инспекторите редовно ќе проверуваат дали се применува законот за користење на производи со висок стандард на бисфенол А, односно ќе контролираат каква хартија за факс, ЕКГ, скенер и во фискалните каси се користи.
Оваа отровна материја може да предизвика посериозни здравствени проблеми од заболувањата на срцето и крвотокот, преку дијабетес и неплодност, па дури и рак на градите и простатата.
Според новиот закон во Србија, од 1 јули ќе биде забранет таканаречената термичка хартија која содржи 0.02 отсто или и повеќе бисфенол А. Таквата хартија најмногу се користи за фискални сметки кои се издаваат во трговските објекти, но и секаде каде се врши наплата од било каква услуга.
Бисфенол А е отровна супстанца која во организмот доспева најчесто преку кожата, а бидејќи и лесно испарува, па луѓето можат и да го вдишат. Доколку пластиката се загрее, кога на пример ставаме топла вода или храна во пластична чинија, побрзо се ослободува и влегува во намирниците. Веќе е докажано дека оваа супстанца е канцерогена и дека може да биде причина за појава на неколку вида на канцер – вели професорот Петар Пфендт.