Реклама
Uncategorized

Филипче со добри вести: Намален бројот на новозаразени со коронавирусот во Македонија- еве кога ќе пристигнат и поголеми дози на вакцини

Реклама

Соочени со третиот бран на заразата со коронавирусот во Македонија беше воведен полициски час од 20 часот до 05 часот наутро со цел да се намалат бројките на новозаразени со коронавирусот.

ФОТО Венко Филипче/ Фејсбук

Сепак министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за новинарите пред А1 Арената Борис Трајковски, рече дека конечно е бранот стивнува и дека денеска за разлика од изминатите неколку недели кога имав, ме и по 1400 новозаболени, денеска бројката на новозаразени ќе биде под 900.

-По мини пикот во смисла на голем притисок на почетокот на неделата, бројките на новодијагностицирани со Ковид-19 се пониски. Вкупниот број новодијагностицирани повторно бележи пад под 900, некаде околу 890. За кратко време ќе излезат и официјалните информации. Тоа сето го гледаме и во болниците во Скопје и ширум државата. Навистина тој притисок, кој го имаше претходно, го нема, рече денеска Филипче.

Маркетинг

Во текот на вчерашниот ден пак беа регистрирани нови 949 случаи на Ковид-19, од вкупно направени 3.610 тестирања. Оздравени се 737 пациенти, а починаа 33 лица.

Маркетинг

Филипче пред новинарите не даде конечен одговор дали ќе има или нема продолжување на рестриктивните мерки по 20 април, туку наведе дека се ќе зависи од епидемиолошката состојба и показателите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување.

-Нема да има ниту еден друг параметар или критериум освен заштита на здравјето, а во таа смисла процена на епидемиолошката состојба која ќе биде причина мерките да продолжат или да се модифицираат, рече министерот за здравство.

Министерот Филипче исто така кажа кога се очекуваат да пристигнат и нови вакцини, а според најавата, а 19 април ќе стигнат 10.000 вакцини на „Фајзер“, а на 26 април уште 10.000.

– Утрово ја добивме потврдата од Кинеската амбасада дека 200.000 кинеските вакцини треба да ги очекуваме околу 28 април, додаде Филипче.

Досега во земјата се направени вкупно 677.988 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 144.111, бројката на оздравени пациенти е 119.683, на поч-инати е 4.322, а бројот на активни случаи изнесува 20.106.

Според епидемиолошки анализи во моментов, четири градови се со четирицифрен бројки на активни случаи на коронавирусот, еве каква е дистрибуцијата по градови:

Дистрибуција по градови заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)

Скопје 64144, активни 9161

Куманово 7818, активни 1257

Прилеп 7730, активни 1026

Тетово 6785, активни 674

Битола 5509, активни 1291

Велес 5096, активни 775

Гостивар 4922, активни 507

Кавадарци 4904, активни 584

Штип 4637, активни 458

Охрид 4611, активни 802

Струмица 3686, активни 536

Струга 2834, активни 252

Кочани 2530, активни 317

Кичево 2282, активни 312

Неготино 2082, активни 262

Гевгелија 2066, активни 362

Свети Николе 1394, активни 143

Крива Паланка 1155, активни 92

Ресен 1155, активни 238

Радовиш 1023, активни 146

Берово 953, активни 104

Делчево 910, активни 87

Дебар 894, активни 59

Пробиштип 743, активни 64

Виница 706, активни 105

Валандово 612, активни 103

Крушево 452, активни 102

Богданци 453, активни 71

Демир Капија 390, активни 49

Демир Хисар 353, активни 53

Кратово 346, активни 23

Македонски Брод 341, активни 40

Пехчево 245, активни 19

Македонска Каменица 220, активни 11

Дојран 130, активни 21.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button