Реклама
CelebrityВиралноНовости

Филипче со виткана коса, Шекеринска во кратко фустанче: Ретро фотографии на политичарите

Реклама

Предизвикот прифатен! Оваа реплика со стари фотографии деновиве масовно се споделува на социјалните мрежи. На оваа „игра“ се навлекоа и многу славни Македонци, пред сѐ естрадните ѕвезди.

За предизвикот да го направиме уште поинтересен, ние одлучивме да ѕирнеме во старите албуми на политичарите кои за разлика од пејачите и актерите, многу поретко сакаат јавноста да знае како тие изгледале во минатото.
Прв на тапет ни е човекот кој во оваа вонредна состојба во која се наоѓа нашата земја стана најистурена личност кога е политиката во прашање. Помеѓу два преса на Венко Филипче, ѕирнавме во неговиот фото-албум и наидовме на една навистина интересна слика која ја објавил пред 12 години, иако делува дека оригинално е направена многу порано. Министерот за здравство е со повеќе коса и тоа виткана.

Маркетинг

Како помлада, Радмила Шекеринска многу повеќе експериментирала со модата, а тоа се гледа и на оваа фотографија која на интернет осамна пред неколку години. Министерката за одбрана во кратко фустанче танцува со поранешниот македонски претседател Бранко Црвенковски.

Маркетинг

Сите знаеме дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски и поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, се први братучеди. Веројатно имаат многу заеднички семејни фотографии, а ние налетавме на оваа црно-бела.

Во продолжение ѕирнете и како во минатото изгледале поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и вечниот политичар на власт, господинот Амди Бајрам.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button