Министерот Венко Филипче ги покажа колегите кои се деноноќно се на своите работни места.
Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за коронавирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период, напиша министерот за здарвство Венко Филипче.
„Битно е да се имплементираат мерки кои во даден момент треба да се спроведат. Нашиот пристап е поостар и понавремен. Ние направивме и спроведовме мерки во времето кога другите земји тоа не го направија. Тоа е суштината во справување со овој проблем. Што помалку движење, помали шанси да се пренесе вирусот. Во Италија имаше сценарио во кое многу носители не беа свесни.Затоа сакаме да стивнат движењата. Тоа е единствениот начин да се спречи инфекцијата“, истакна Филипче.