Реклама
Наши ѕвезди

Филиповска по толку години повторно ја гледаме како невеста – „гopат“ социјалните мрежи, изгледа бpyтално и во венчаница!

Реклама

На ова долго време чекавме

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Шармантната водителка на популарното шоу „Сé или нешто“, Лила Филиповска, е жена која предизвикува внимание каде и да се појави, а фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи секогаш се проследени со бројни коментари и пофалби на сметка на нејзиниот изглед.

Така беше и кога водителката објави фотографија на која е во венчаница од еден познат македонски бренд, а под која напиша:

Маркетинг

„Пролет иде, јас уште не мажена“, напиша таа под фотографијата што ја објави во рамките на своите Инстаграм приказни.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Нашата најпозната водителка носеше венчаница која во горниот дел е тесна и е украсена со кристали и бисери, додека здолништето полека се шири во сирена крој и создава преубав визуелен впечаток .

Фустанот во горниот дел е отворен, со тенки прерамки, така што во центарот на вниманието е раскошното деколте на Филиповска.

Таа целото издание го заокружи со црвен кармин и прекрасна фризура со која никого не остави рамнодушен.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Инаку Лила која важи за една од најзгодните и најатрактивните водителки во Македонија зад себе има два брака.

И како што самата изјави во една пригода, ако се појави некој што ќе ја побара за жена, таа повторно би се омажила.

Таа од првиот брак го има синот Филип Филиповски кој е нејзината најголема поддршка во животот.

Колку тие одлучно се согласуваат можеме да видиме и од фотографијата што Лила исто така ја објави денес.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Имено, таа објави фотографија на која тој облечен во пижами ја испраќа на пат, а таа во шега напиша:

„Хју Хефнер ме испраќа“.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Инаку, Лила неодамна на социјалните мрежи сподели фотографија од нејзината втора свадба во животот. Таа тогаш наместо класична венчаница, носеше интересна бела креација, а како изгледаше тогаш, кога по втор пат го изговори своето судбинско „да“, погледнете во продолжение.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Водителката тогаш склопи брак со познатиот пејач од групата „Арија“, Орце Димитровски.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button