Реклама
Вирално

Фејсбук статус за загадувањето што треба сите да не замисли

Реклама

Откако Скопје се најде меѓу 10-те најзагадени градови во светот, граѓаните сé погласно го искажуваат својот револт.

И со право тие се вознемирени и разгневени и ги обвинуваат надлежните дека ништо не прават за да дишеме почист воздух. Покрај граѓаните кои својот револт го изразија преку социјалните мрежи, стигнуваат се поостри реакции и од невладиниот сектор, а сите се согласни – надлежните или не прават ништо или сето тоа не е ни од далеку доволно за да се соочат со сериозниот проблем.

Маркетинг

Имено, грејната сезона се уште не започнала, а ситуацијата во Скопје и неколку други градови во Македонија е алармантна. Тоа впрочем го кажуваат и фотографиите што ги објави една корисничка на социјалните мрежи со следниот коментар:

„Дечки, не ми е ушмрљано стаклото. Ова е вчера и денес. Не сте свесни колку грозно изгледа од сосема малку повисоко. Ова не е за на работа и деца за во школо. Ова е отров. Ова не е од коли, од ситни грејни какви и да се тела… ова е недозволена активност спроведена во текот на ноќта, за утрото да е ова. Сликава е само еден ден разлика. Што ќе правиме, кажувајте?“

Маркетинг

„Јас мислам, свирчиња и транспаренти по улици, НЕ! Истражувачко новинарство да се активира, зелениве организации, некој кој се разбира во оваа проблематика. Тие треба да го најдат коренот на загадувањето. После се оди кај коренот на загадувањето, ако треба сите топтан, е тогаш одиме во бунт, се откорнува коренот и се нудат решенија што понатаму. Со протести ништо не се решава, видовме на никој не му е гајле. Дајте малку ум и акција, паметни чекори, а не свиркање секоја година и ќе запролети сите по кафињата и со бебињата во парк. Гледате дека институцииве не ги бива, не знаат кај тераат, гледате дека татково на градов е сирот, умишљенак. Дајте да бидеме проактивни и зрели. Дај да ги најдеме тие кои може активно да работат на разоктривање и решавање на овој смртоносен проблем! Знаете некој таков?“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button