Реклама
Наши ѕвезди

Ферус си замина, а ова му беше една од последните желби – неговата ќеркичка Мелек има само 10 години

Почина легендарниот македонски саксофонист

Реклама

По кратко боледување ноќеска на 73 годишна возраст почина легендарниот македонски саксофонист Ферус Мустафов.

Ферус на 26 април доживеа мозочен уда и од тогаш се наоѓаше во болницата „8 Септември“ каде и што почина.

Како што изјави неговата сопруга Јелена за „ММС“, пред неколку дена состојбата му била малку подобра и сите се надевале дека ќе биде во ред, но за жал, состојбата се влошила, по што тој повторно паднал во кома и докторите не успеале да го спасат иако дали сé од себе.

Маркетинг

„Скршени сме од болка, сите се надевавме дека ќе оздрави и ќе ни се врати, но за жал ни замина“, изјави Јелена за споменатиот медиум.

Маркетинг

Инаку, Ферус, за време на пандемијата од Ковид како и сите музичари се најде во тешка финансиска состојба.

Тој тогаш во Фокус јавно се пожали дека зима минимална пензија и дека неговата сопруга не е вработена, иако подолго време бара работа.

„Ја имаме ќеркичката Мелек која има девет години, се снаоѓаме како умееме“, изјави тогаш кралот на саксофонот и додаде:

„Минималната пензија е доволна да се платат сметките, но не се жалам. Имам помош од семејството, толку години сум настапувал, сум заработувал, срамота е сега да излезам во јавност и да барам помош од државата. Единствено ми треба вработување за сопругата, сега Мелек е поголема, па мајка и ќе може да оди на работа“ изјави тогаш Ферус за „Фокус.мк“, повеќе загрижен за своите најблиски, и посебно за ќерката што ја доби на 62 годишна возраст, отколку за себе.

Но дали некој сега, откако Ферус повеќе не може да се грижи за своето семејство, ќе се сети на нив, останува да видиме.

Инаку, Ферус на 62 годишна возраст по трет пат стана татко. Тој во 2012 година ја доби ќерката Мелек, а од претходниот брак има син и ќерка, и внуци од нив на кои беше посебно горд.

Извор: ММС, Фокус, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button