Реклама
Наши ѕвезди

Фатиме Фетаи и со „неуредни“ шишки изгледа „фатално“

Реклама

Фатиме уште не ПичПрич ја најави промената

Фото: Фејсбук/ Фатиме Фетаи Фанс

Не е тајна дека специјалната обвинителка Фатиме Фетаи води грижа за својот изглед и ги следи трендовите, како во облекувањето, така и во изборот на фризурата. Таа неодамна одлучи да го промени имиџот и во јавноста се појави со супер кратки шишки со кои ги воодушеви сите.

Маркетинг
Фатиме на неодамнешната прослава на 1ТВ

Сепак, и покрај тоа што се во тренд,  со шишките треба да бидеме внимателни. Тие едноставно НЕ се за секого, предупредуваат професионалните фризери. Според нив рамните и густи шишки би требало да ги избегнуваат жените со квадратно и кружно лице, бидејќи дополнително го прошируваат. Но тоа не значи дека треба потполно да се откажеме од овој тренд. Имено, кратките, впечатливи шишки како и оние малку подолгите, кои на краевите од лицето се топат во остатокот од косата се одличен избор.

Фото: Фејсбук/ Фатиме Фетаи Фанс

Што се однесува до Фатиме Фетаи тајната на нејзиниот впечатлив изглед се крие токму во нејзините шишки кои изгледаат асиметрично, како да НЕ ги направил професионалец, а всушност тоа е и формулата поради која нејзината фризура е полн погодок.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Фатиме Фетаи Фанс

Во прашање е совршен „рез“ кој се носи на по малку необичен, „фатален“ начин, а по кој полудеа инфлуенсерките што ги следат трендовите од целиот свет.

 

Само да потсетиме, Фатиме, пред неколку месеци, на гостувањето на ПичПрич спомена дека била изненадена кога до специјалното јавно обвинителство стигнал допис во кој се бара обвинителката да ги врати шишките. И покрај апсурдноста на барањето, на доставувачот му било одговорено, и тоа со официјален меморандум со логото на СЈО.

Дали ова беше причината обвинителката повторно да избере шишки не знаеме, но она што можеме да го кажеме со сигурност е дека и стојат феноменално.

Што мислие вие?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button