Реклама
Трендови

Фатиме Фетаи ги воодушеви жените со најмодерниот капут за оваа сезона – сличен модел на ПОПУСТ се продава за „само“ 41.990 денари!

Реклама

Модните трендови и она што е актуелно во светот барем денес можеме да го заклучиме лесно по објавите на инфлуенсерките на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин (Инстаграм/ Фејсбук)

Познатите дами веќе неколку сезони го обожаваат капутот кој на социјалните мрежи го означуваат како #teddy. Во прашање е модел кој е мек и топол, а во кој ќе изгледаме како вистински мечиња. Тие се удобни за носење, топли, меки и можат многу лесно да се комбинираат со различна гардероба.

За разлика од претходните години кога голем хит беа кафеавите „teddy bear“ капути, оваа сезона се носат бои. Тоа многу добро го знае и Фатиме Фетаи која дефинитивно не греши кога е модата во прашање. Имено, шармантната обвинителка неодамна можевме да ја видиме во преубав модел во розова боја со кој не освои на прв поглед.

Маркетинг
Фото: Борче Поповски, Локално

Таа го носеше во комбинација со бел комплет и црна туника, а целото издание го заокружи со кафеава чанта и нејзината препознатлива фризура.

Што се однесува до стилистите, тие препорачуваат овие капути да ги носиме во стилот на 70-тите, со фустани со миди должина, широки панталони и ниски чизми. Тие исто така не советуваат дека оваа сезона е многу популарно и останатите нијанси да ги вклопиме со него, односно целата комбинација да ја носиме во иста или слична нијанса.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Најдобрите модели од актуелната понуда

Неодоливите „teddy bear“ капути пред неколку години ги прослави брендот „Max Mara“, а нивните модели и денес се популарни. Во тоа можевме да се увериме и неодамна кога на социјалните мрежи на профилот на „Скопје сити мол“ беше објавен еден нивен модел. Фотографијата веднаш стана вирална во цела Македонија, посебно заради превисоката цена, поради што и многумина се шегуваа.

Фото: Инстаграм/ Скопје Сити Мол

Имено, не е спорно дека во продавниците на „Max Mara“ и оваа година има преубави модели, но бидејќи просечната цена на нивните капути може да достигне и до 100.000 денари, ние ќе се фокусираме на познатите хај-стрит брендови.

Фото: Инстаграм

Па во продолжение погледнете како да ги носите овие капути како ИТ девојка, но и неколку тренди модели на кои не можевме да им одолееме.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Наши предлози

Bershka

Bershka

Stradivarius

Zara

Zara

Zara

Mango

Mango

Mango

Mango

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button