Реклама
Наши ѕвезди

Фаталниот турски актер се разведува – таа се омажи со него само заради користољубие

Реклама

Како причина за крахот на бракот се наведува дека Фејза покрај расипништвото не ги исполнувала добро и мајчинските должности.

Неговите пријатели за медиумите велат дека знаеле дека нивниот брак нема да успее

Маркетинг

Турскиот актер Озџан Дениз (46) се обиде да го спаси својот брак, но по втор пат не му успеа. Како што пренесуваат турските медиуми, актерот од серијата „Истанбулска невеста“ се разведува од 20 години помладата сопруга, Фејза Актан (26). Тие издржаа 16 месеци, но за тоа време постојано се расправаа заради нејзиното неконтролирано трошење пари.

Маркетинг

Парот има дете, синот Кузеј (1) а покрај расипништвото Дениз како причина за неуспехот на бракот го наведува и неисполнувањето на мајчинските должности

Манекенката смисли и како да се збогати – таа за времето поминато во брак бара 2.5 милиони евра

„Тоа што бара толку големи пари кажува се’“, изјави за медиумите пријател на фаталниот турски актер

Тие се венчаа во март минатата година, а пријателите вета дека манекенката одвај дочекала да го роди детето за да може да се однесува како што сака. Тој тоа не можеше повеќе да го трпи па реши да се исели од заедничкиот дом. Жал му е што се случи ова, бидејќи веќе има еден пропаднат брак. По неуспехот со првата сопруга внимателно бираше со кого ќе го помине останатиот дел од животот, но повторно згреши.

Оваа љубовна сага на Дениз овој пат се случува малку поинаку отколку по крахот што го доживеа во првиот брак со актерката Хандан Дениз. Тогаш немаше втора шанса, а по разводот живееше со својот постар брат и снаата. Со Хандан беше во брак десет години, но тие никогаш не основале семејство, па тоа најверојатно му пречеше и на актерот. Или можеби на неа, ако тоа сега воопшто е важно…

„Се разбира, сакам бебе и семејство! Но, сакам со некој што ќе ми одговора. Некој кој има вера. Јас не зборувам само за верата во Бога. Мислам на верата воопшто. Некој кој верува во семејството, во својата работа, во љубовта, во иднината. Има луѓе кои не веруваат во ништо. Тие живеат со нивните сегашни чувства. Со нив не можам”, изјави тој по првиот развод. И покрај тоа што не му роди бебе, тие останаа во добри односи и тој секогаш имаше само пофални зборови за неа.

„Хандан е одлична актерка и беше партнерка со која најмногу се согласував. Заедно двајца поминавме многу години, ми беше вистинска потпора, како и јас на неа. Едноставно, нашиот живот тргна во различни насоки. но и покрај тоа, јас с се уште ја ценам многу“ – вели актерот за неговата поранешна сопруга за која никогаш нема кажано ниту еден лош збор

Ги потпишаа документите за развод во 2000 година, а до 2018 година се забавуваше на свој начин. Иако не водеше активен ноќен живот, честопати како што самиот призна во една пригода, носел разни жени во својот кревет и имал авантури кои траеле само една ноќ. Сепак, тој бил уморен со годините и почнал да размислува за улогата на татко.

И тогаш во неговиот живот се појави „неконтролираната“ Фејза. Станаа пријатели, ја започнаа својата романса, па набргу се свршија, а за брзо време дојде и детето. Малиот сега има 11 месеци, а откако се роди, неговиот татко беше пресреќен. А и самиот изјави дека едвај го дочекал.

„Мојот син е решение за сите мои трауми и проблеми во животот. Едвај чекам да почне да зборува и да трчкаме заедно и да бидеме главни фаци во паркот. Тој сега е смислата на мојот живот”, рече тој.

И сега, по крахот и во вториот брак, многумина веќе коментираа дека познатиот актер се оженил со манекенката само за да добие дете.

Но како што пренесуваат турските медиуми, и таа имаше некои придобивки. „Едвај чекаше да го роди бебето, па да може да почне се однесува како што сака. Но, тој повеќе не можеше тоа да го поднесува. Жал ми е што ова му се случува, бидејќи тој веќе има еден развод зад него. По овој брак, тој секогаш внимателно избираше со кого ќе го помине остатокот од својот живот, но изгледа дека направи грешка“ – изјави пријател на актерот сред трачевите за новиот развод.

Но како и да погледнете на целата оваа ситуација, најчудно е тоа што Озџан нема среќа во љубовта и покрај тоа што многу жени го нарекуваат фатален маж.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button