Фаталната Цеца замеша со колковите и го запали интернетот – не сте ја виделе во вакво издание
„Меша“ на новиот хит во маичка до папокот
Никогаш не изгледала поубаво
Балканската фолк-ѕвезда Цеца Ражнатовиќ ги изненади фановите со песната „Мушкарчина“ која што ја сними со Војаж.
Песната веќе има преку 4 милиони прегледи на Јутјуб, а Цеца во спотот се појавува во четири различни изданија.
Но деновиве се појави и една снимка од снимањето на спотот каде Цеца меша во бела тренерка и маичка до папокот.
Инстаграм
Ова издание на пејачката никого не остави рамнодушен, па следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Инстаграм
Потсетуваме, Цеца претходната недела одржа спектакуларен концерт во Куманово каде не зборави да го спомене и Мики Секуловски.
Инстаграм
Таа му беше менторка на Мики во „Ѕвездите на Гранд“, а концертот го започна со следниве зборови:
„Добра вечер Куманово, добра вечер моја сакана Македонијо! Се надевам дека бевте горди кога нашиот Мики беше вице-шампион, тој тоа го заслужи, заслужи да победи со Шејла, двајца сјајни изведувачи, но се покажа тука дека се вистински таленти. Ви се заблагодарувам многу на поддршката, а ние одиме понатаму“, изјави балканската фолк-кралица пред публиката и го започна концертот.