Реклама
Наши ѕвезди

Фаталната Мис Југославија сама си го купи првиот автомобил и бунда: Еве што им порача на денешните старлети

Реклама

Иако денеска не се експонира премногу во јавноста, Биљана Ристиќ секако привлекува внимание каде и да се појави. Жена со илјада лица, жена на вториот човек на Радио Телевизија Белград, одличен имитатор -ова се синонимите по кои многумина ја паметат. Во 70-тите години пленеше со својата убавина, шарм и грациозност, но нејзиниот живот не бил бајка отсекогаш.

Биљана потекнува од дипломатско семејство, нејзиниот татко Драгољуб по потекло од Косово бил највисок дипломатски советник, додека мајка ѝ била правничка. Успешното семејство ѝ овозможило многу. Како девојче го пропатувала речиси целиот свет, па имала можност да ја види Џенова, Њујорк, Отава, Палермо, Падова, но нејзиниот живот не бил отсекогаш бајка.

Маркетинг

„Осаменоста на девојче во светот на возрасните ја победував со ведрата природа, дружељубивоста и имитирањето на светот кој нас не опкружуваше. Се сеќавам како мама и тато се смееја кога по враќањето од некој дипломатски прием ги имитирав сите по ред“, раскажа таа во една прилика.

Меѓутоа, во еден ден се се променило. На само 12 години останува без татко кој наеднаш починал и тоа драстично ѝ го променило животот.

Маркетинг

„Никогаш не патев за големина, умеев да се снајдам сама. Во моето семејство имаше многу интелектуалци и од страната на мајка ми и од страната на татко ми. Од нив го усвои приниципот дека парите се заработуваат и трошат, и дека никави богатства не се вечни. Мене никој не ми го купи првиот автомобил или бунда. Сама си ги заработив“, рече Биљана која веќе на 14. години почнала да држи часови по англиски јазик за да ѝ помогне на мајката, зошто таа јазикот го учела од седмата година.
Мајката ја научила и на тоа никогаш да не покажува слабост, дека животните голготи треба да ги носи со насмевка и крената глава. Далечната 1972 година кога имала 22 години станува Мис на Југославија, а оваа лента ѝ овозможила да го запознае гламурозниот живот, но и да го пронајде својот животен сопатник.

„Би било глупаво да се жалам зошто тоа од мала го сакав, да бидам позната и славна. Бев убава, образована и комуникативна. Англискиот го говорев како да ми е мајчин, а тогаш тоа беше реткост“, објасни таа во едно интервју и додаде: „Опасни жени се секогаш посебно, не по правило и убави. Јас бев мангуп, секогаш своја, добра како личност и драгар со мажите. Притоа, во животот имав само неколку сериозни врски и еден единствен брак“.

Биљана тогаш многу се појавуваше во јавност, дел на малите екрани, а дел и на разни прослави. Тогаш го запознала Душан Митевиќ, тогашниот заменик директор на Телевизија Белград и еден од најмоќните луѓе во медиумите на просторот на тогашна Југославија, за кого се омажила. Талентот за глума покажала имитирајќи ги светските ѕвезди Тина Тарнер и Мерилин Монро во рамките на новогодишните шоу програми. Неколку години подоцна на сопругот Душан му го роди синот на кого му го дадоа библискиото име Адам, кое во тоа време беше многу ретко и невообичаено во таа средина.

„Не викаа на шега убавицата и ѕверот. Бевме во брак 24 години и многу го дакав Душан. Беше прекрасен човек и најпаметен маж на светот. Беше образован, харизматичен, вистински џентлмен со автентичен дух и шарм… Нема такви… Оставка поднесе оној момент кога студентите тоа го побараа од него, што предизвика бурни реакции во власта“, раскажа Биљана која на сопругот му зборувала дека политиката е опасна игра поради која сите ќе трпат, но останала покрај него.

Поради ситуацијата која во 1999 година владела на просторот на поранешна Југославија, одлучиле да ги спакуваат куферите и да ја напуштат Србија. Заминале во Будимпешта. По враќањето Биљана во медиумите раскажа дека морале да заминат зошто им се заканувале дека ќе им го грабнат синот. За да го заштитат, го напуштиле Белград, а само 10 месеци подоцна Душан починал. Биљана го продолжила животот во Будимпешта, и се борела сама со својот син. Денеска живее на релација Белград-Будимпешта, а синот Адам е успешен фотограф и режисер.

„Леле, немојте за тие денови. Животот ни се промени од корен. Но, никако не на подобро, како што некои мислеа. Набрзо Душан се разболе и ние поминавме низ пекол. Адам остана без татко на 16 години, а ја својот го загубив на 12 години. Многу рано. Животот понекогаш е суров режисер“, раскажа таа на сетот.

Денеска не може често да се види во јавност, но на нејзините понови фотографии се гледа дека се носи достоинствено со годините и дека не ја трга насмевката од лицето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button