Наши ѕвезди

Фановите ја чекаат оваа вест: Снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ може да почне побрзо од очекуваното

Advertisement

Првичната вест дека снимањето на популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ поради епидемијата од коронавирус е одложено за септември, предизвика разочараност и кај музичките таленти, и кај публиката и гледачите, сепак продукцијата соопшти нова вест од таму.

Со оглед на тоа дека попуштаат рестрикциските мерки во Србија и се укинува вонредната состојба и полицискиот час, можно е шоуто наскоро повторно да почне да се снима.

Advertisement

И тоа најверојатно уште во текот на мај ќе се собере екипата и популарното шоу за музички таленти ќе продолжи да ја забавува публиката.

Според планот, емисиите на почетокот ќе се снимаат само со кандидати од Србија, додека подоцна, кога границите ќе бидат отворени, ќе може да им се придружат и кандидати од регионот.

Се уште не е познато кога овие емисии ќе бидат емитувани, како и датумот за кога ќе биде закажано финалето.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button