Реклама
CelebrityНаши ѕвезди

Фановите на кралевското семејство се одушевија од она што кралицата го прави кога Џорџ ќе остане кај неа

Реклама

Младиот принц ќе го прослави својот шести роденден.

Кога принцот Џорџ, првиот син на принцот Вилијам и Кејт останува на спиење во Бакингемската палата, кај кралицата Елизабета II, таа секогаш му остава подароци покрај креветот, тврди извор близок  до кралското семејство.

Младиот принц ќе го прослави својот шести роденден, а неговите прабаба често наоѓа разни начини за да помине колку што е можно повеќе време со него. Нејзиното срце наводно Џорџ успеал да го освои кога започнал да ја нарекува “Ган, Ган”.

Маркетинг

“Кралицата секогаш остава мали подароци покрај креветот на малиот принц секој пат кога спие во Бакингемската палата”, изјави еден извор за магазинот Fabulous. Принцот Џорџ го опиша како “момче кое има доста цврст карактер”, но во исто време тој е многу срамежлив.Изворот тврди дека поради таа срамежливост тој посакал мал семеен собир во салата Анмер, каде што ќе се слави неговиот шести роденден.

Наводно, неговата омилена личност е неговиот вујко Мајк Тиндал, а неговите омилени активности се прилично скромни со оглед на неговите многу привилегии и богатство што му се на располагање. Сака да го поминува времето со  мајка си, да подготвува пица и да ја разубавува градината. На приврзаноста кон природата особено е горд неговиот дедо, принцот Чарлс, вели изворот.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button