Реклама
Наши ѕвезди

Фановите во шок: Откако Северина сподели дека е позитивна на коронаврусот, се огласи и Игор и ги изненади сите

Реклама

Пораката ја објави преку социјални мрежи

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Пејачката Северина Којиќ се огласи на својот Инстаграм профил и потврди дека е позитивна на вирусот корона. Таа исто така сподели и дека нејзиниот син е негативен.

„Бидејќи немам никакви симптоми, денес добив потврда дека сум позитивна на Ковид-19, додека тестот на мојот син е негативен“ напиша Северина.

„Веднаш, по контактот со епидемиологот, ги преземав сите мерки, и истовремено го известив таткото на детето и во договор со него го предадов два дена пред одредениот термин, самоизолацијата да ја помине со него, без разлика на негативниот тест“, изјави Северина и додаде:

Маркетинг

Со намера заеднички да ја заштитиме приватноста и да ја избегнеме стигматизацијата на детето, истовремено го замолив таткото за дискреција. Но 20 минути откако таткото го презема детето, во српските медиуми се појави вест дека сум заразена забавувајќи се низ Далмација со детето. Значи да, имам позитивен тест, немам симптоми, се заразив од блиска личност, најверојатно по враќање од Загреб, а не за време на летувањето во Далмација. Бидејќи таа личност вчера доби позитивен тест, веднаш синот и јас одевме на повторно тестирање, бидејќи нашиот прв наод беше негативен, изјави таа.

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Откако Северина се огласи на социјалните мрежи, многумина се прашуваа што се случува со нејзиниот сопруг Игор Којиќ и дали и тој бил во контакт со нив.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Игор пак вчера објави фотографија под која напиша дека му недостига кучето, а сето тоа алудира дека нема никакви проблеми со здравјето.

Фото: Инстаграм/ Игор Којиќ

Никој не можеше да претпостави

Инаку, познатата хрватска пејачка само неколку дена пред да ги соопшти овие вести, на Инстаграм објави фотографија со која ги воодушеви сите.

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Таа позираше во костим за капење, а фотографијата од плажата никого не остави рамнодушен.

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Таа се фотографираше на лулашка на вода и во минијатурен кocтим за капење со кој покажа дека е во топ форма.

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

Пејачката со зборовите од една песна која што ја пее и нејзината пикантна фотографија ги загреа социјалните мрежи, па и посакуваме што поскоро да оздрави и да продолжи да го прави она што најдобро го знае.

Фото: Инстаграм/ Северина Којиќ

А тоа е секако да шири љубов, бидејќи како што самата вели:

„Љубовта само со љубов се враќа.“

Поврзано

Back to top button