Фановите бесни: Се појави видео на кое Меган Маркл се гуши во солзи, доека Хари ја гледа
Меган Маркл многупати се расплака во најновиот трејлер за нејзиниот документарец за Нетфликс вреден 88 милиони фунти, кој беше објавен денеска.
Видеото кое трае една минута најверојано ќе ги згрози останатите од кралското семејство.
Во ова видео Хари го опишува кралскиот живот како „валкана игра“, а по снимката на која се гледа неговата мајка, принцезата Дијана – зборува за „болката и страдањето на жените кои се мажат во оваа институција“.
Во еден дел од трејлерот, војвотката од Сасекс се гуши во соли, го брише лицето со раце, додека принцот Хари ја гледа.
Во друг момент, очигледно снимен во замокот на двојката вреден 14 милиони долари, Меган може да се види како гледа во камерата со солзи во очите.
Во првиот трејлер Меган е прикажана како плаче во неколку наврати.
Хари и Меган го објавија вториот трејлер за нивниот бомбастичен документарец на Нетфликс во кој се прикажани многу детали кои ќе бидат искористени против кралското семејство, при што војводата злобно се заканува дека ќе ја „открие вистината“ за нивното искуство.
Во еден дел, едно лице го опишува искуството на двојката како „за омраза кон црната раса“ при што се гледа Хари (38), кој ја држи раката на лицето на Меган, која е во поодмината бременост.
Документарната серија на Нетфликс ќе биде прикажана на 8 декември, потврди денеска Нетфликс.
Во клипот Хари раскажува: „Постои хиерархија на семејството, знаете, но има и подметнување приказни. Тоа е валкана игра“.
„Жените кои стапуваат во брак во оваа институција чувствуваат болка и страање. Бев преплашен, не сакав историјата да се повтори.
„Никој не ја знае целосната вистина. Ние ја знаеме целосната вистина“.
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин