„Фала ти Боже“ – Лила испрати силна порака и доби илјадници лајкови
Со својот пример им дава мотив и инспирација на сите кои имаат сличен или ист проблем.
Лила уште еднаш потврди на кој му благодари за сѐ што има.
Познатата водителка Лила Филиповска долги години е на врвот, односно е една од најдобрите водителки во Македонија.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
Иако долго време е препознатливо ТВ лице, добро ги носи своите години и изгледа подобро од кога било.
Таа е една од најнегувните и најубави жени на естрадата.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
Нејзина матична куќа е Сител телевизија, каде најдолго се задржа, а публиката веќе долго време ја препознава по квизот „Сѐ или нешто“.
Квизот постои долги години, но и понатаму е една од најгледаните емисии во земјава.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
Пред една година Лила јавно призна дека водител битка со рак на дојка и од битката излегла како победник.
И покрај тоа што водела тешка битка, Лила во ниту еден момент не покажа слабост.
ФОТО: Принтскрин
Таа е пример и мотив за сите кои поминуваат низ истото.
Со нејзината приказна таа влева надеж и кај другите, да не се откажуваат и да се борат до крај.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
Уште при откривањето на болеста одлучила да биде позитивна и да верува дека со сигурност ќе се ослободи од неа.
Денес се труди максимално да ужива во животот, да прави работи во кои ужива и да се посвети на својот син Филип.
ФОТО: Инстаграм / Лила Филиповска
Никогаш не заборава да истане дека со помош на Бог го пребродила тешкиот период.
Лила сподели нови фотографии направени пред снимање на емисијата, на кои изгледа задоволно и среќно.
„Фала ти Боже
Знам зошто,знаеш зошто“, напиша таа во опис.