Реклама
Новости

Уште едно младо момче доби шанса за нов живот благодарение на Верче

Реклама

Девојката чиј живот прерано згасна спаси најмалку три животи.

Семејството на младата Верица Белчовска од Берово по нејзината см-рт одлучија да ги донираат нејзините органи и со тоа да спасат неколку животи меѓу кои беше и 27 годишниот Блаже Сапунџиев кој доби бубрег, а вчера беше извршена и првата тран-сплатација на коска кај 19-годишен пациент, а операцијата траеше пет часа, извести Министерството за здравство.

Маркетинг

За Блаже Сапунџиев завршуваат деновите со одење на дијализа откако доби здрав бубрег од Верче.

Полн со благодарност Блаже вели дека голема тага е за загубениот млад живот, но нема зборови за да го опише хуманиот гест на ова семејство.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Во сторија за „Сител“ тој откри дека ова ми е втора трансплантација на бубрег, пред 18 години била првата.

-Во 2002 година ми беше направена трансплантација во Солун. Добив бубрег од мојата мајка и 18 години беше добро. После тоа една година пак одев на дијализа и еве сега добив бубрег, вели Сапунџиев.

ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Покрај Блаже во истата соба бил сместен и Александар кој го доби вториот орган од Белчовска. Кај него трансплантацијата била малку потешка но лекарите велат и тој е во добра состојба, но лекарите велат дека кај него имало мали потешкотии.

-Кај Александар бубрегот беше помалку вреден со аномалија со 3 атрерии. Тоа беше предизвик и за нас и за прв пат го направивме тоа и е успешно и тој е добар, вели др. Сашо Дохчев, директор на Урологија и шев на тимот за трансплантација.

ФОТО: Принтскрин/ Јутјуб

Поради хуманоста на семејството Белчовски, младиот Иле доби втора шанса и го прими срцето од нивната ќерка и сестра 22 годишната Верица

На социјалните мрежи следеа илјадници статуси со кои луѓето се обидоа да искажат почит кон ваквата одлука, но и сочувство за прерано згаснатиот живот, а еден од оние кои се огласија беше и пасторот на Евангелската црква, Филип Иванов кој напиша дека според него, семејствата кои се согласиле да бидат донатори во најмала рака треба да добиваат пратеничка плата до крајот на животот.

„Ако може пратениците кои оделе или не оделе на работа да земаат баснословни суми за плати, патни трошоци и што ли уште не, сметам дека луѓето кои во најголемата своја болка наоѓаат сили да направат таков чин на хуманост, кој де факто спасува неколку животи, заслужуваат барем толку, ако не и многу повеќе.“ напиша пастор Филип и додаде:

„За разлика од случајот со политичарите, ниту еден од нас не ќе има проблем со тоа нашите пари да се користат така.“

Советот на Општина Берово донесе одлука за доделување парична помош од 50 илјади денари на семејството Белчовски, а градоначалникот ќе помогне со 50 илјади денари, така што вкупната сума, како поддршка за семејството Белчовски изнесува 100 илјади денари.

Помош за семејството дојде и од уште една поголема компанија.

Семејството Стајиќ, сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија на семејството на Верица Белковска им донира 1 милион денари.

Тие велат дека тоа е најмалку што може да направат во возврат за спасени три млади животи.

„Да се донесе одлука да се даруваат органите на своето дете во моменти кога го губите засекогаш, потребно е многу сила, љубов и хуманост – да мислите на туѓ живот кога го губите своето најмило. Белчовски во овие моменти се неумешни и не постои збор што може да ја намали нивната болка која им ја гребе душата и не им дава мир. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Покажаа дека животот сепак може да се подари“ велат од семејството Стајиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button