Реклама
Наши ѕвезди

Уште една ПРЕУБАВА ВЕСТ од нашата Андријана – нема Македонец што нема да се стопи од овој глас

ова е нешто во што ќе ужива секој Македонец По промоцијата на својата прва книга, познатата пејачка денес ќе одржи и концерт со Митан проект

Реклама

Нашата позната пејачка Андријана Јаневска се врати од одмор, па веднаш ги засука ракавите и се фати за работа

Нашата позната пејачка Андријана Јаневска деновиве ја промовираше својата прва книга, а вечерва заедно со „Митан Проект“ ќе одржи концерт на летната сцена на Градскиот плоштад во Крива Паланка.

Промоцијата на книгата се случи во Мала Преспа во рамките на Македонското културно лето, додека концертот насловен „Македонски рози“ е дел од програмата на Крива Паланка – Град на културата 2024.
Јаневска која воедно е и прва виолина во МОБ и професорка книгата што ја промовираше е всушност нејзиниот докторат.

Маркетинг

Таа неодамна стана доктор на науки, а во книгата зборува за македонското традиционално пеење во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора.

Маркетинг

Како што самата изјави на промоцијата, во текот на своите истражувања, но и во многу книги сретнала како нашиот фолклор сакаат да го прикажат како туѓ. Но како што вели таа, македонскиот народ кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни, во разни варијанти, е поврзан како еден и единствен, кој за жал, во минатото бил разделен, вели Јаневска.

Од друга страна концертот што Андријана ќе го одржи вечерва во Крива Паланка заедно со Митан проект исто така преку музика ја обединува традицијата и емоциите на некогашниот дух на времето.

Нивните песни ја раскажуваат приказната за радоста, љубовта, тагата и гордоста на македонскиот народ, а како Андријана звучи додека ги пее овие стари и преработени песни, слушнете во продолжение…

Митан проект е музичко-вокален состав во кој членуваат еминентни музичари од Македонија.

Групата постои од 2007 година и нејзин основач е Мите Димовски. Првиот албум со наслов „Македонски рози“ го издаваат 2008 година и претставува вистинско освежување на музичката сцена во Македонија.

Бонус видео

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button