Уште една модна лекција од Меланија Трамп: Во овој фустан секоја жена изгледа витка
Заедно со сопругот Доналд, Меланија Трамп се појави како почесен гостин на националната трка на автомобили и со својот стајлинг ги воодушеви присутните.
Уште еднаш им одржа модна лекција на сите жени и покажа како совршено стилизирана жена треба да изгледа.
Таа овој пат се надмина себеси. Во лелеав фустан го истакна она што е најубаво на нејзиното тело.
Овој крој е идеален за оние дами кои мака мачат со килограмите на стомакот и колковите. Тој ги маскира успешно сите недостатоци, а со помош на ременот, половината доаѓа во прв план и создава фигура на песочен часовник која многу жени ја посакуваат.
Со добро вклопени парчиња и аксесоари навистина е можно да се креира фигура каква што посакуваме.
Високите потпетици одлично одат со овој фустан зошто даваат доза на гламур. Ова е одличен пример за стајлинг за одење на романтична вечера.