Реклама
Вирално

Учителка со помош на парчиња леб им одржа лекција на учениците колку е важно да ги мијат рацете

Реклама

Потсетите ги своите деца редовно да ги мијат рацете

Фото: Фејсбук/ Џарали Анис Меркаф

И на возрасните како и на децата понекогаш им е тешко да ги разберат работите што не можат да ги видат. Затоа некои креативни учители користат леб за да им покажат на децата дека рацете можат да бидат полни со бактерии и микроби и на тој начин да ги освестат колку е важно да се мијат рацете.

„Кога почна сезоната на грип, одлучивме во класот да направиме научен експеримент. Земавме свеж леб и го допиравме со рацете, а едно парче остана недопрено. Друго беше допрена со неизмиени раце, а едно с ораце кои беа дезинфицирани и последното парче со раце измиени со топла вода и сапун. Тогаш одлучивме и едно парче да го допреме со компјутерот што се наоѓа во одделението“, објасни учителката Џарали Анис Меркаф која фотографиите од резултатот ги објави на Фејсбук и кои веднаш станаа вирални.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Џарали Анис Меркаф

Фотографијата покажува колку бактерии има на рацете

Тие парчињата леб ги затвориле во пластични кесиња. Она парче што го допирале со неизмиени раце била најмуљосана, исто како и онаа која била допрена до компјутерот.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Џарали Анис Меркаф
Фото: Фејсбук/ Џарали Анис Меркаф

„Ви препорачувам да ги миете вашите раце. Потсетите ги вашите деца да го прават тоа и запомнете дека средството за дезинфекција на рацете не е алтернатива за миење на рацете“, предупредува учителката.

Со неа се согласува и Американскиот Центар за контрола на болестите и превенција. Тие наведуваат дека со миење на рацете се намалува веројатноста да се заразите од стомачни и респираторни болести.

Извор: Мис7.24сата.хр

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button