Реклама
MAMAДом и семејство

Училиштето мораше да вработи „менувач на пелени”, бидејќи децата НЕ можат сами да одат во тоалет

Реклама

Иако може да звучи неверојатно, но едно основно училиште во Велика Британија, мораше да ангажира лице кое ќе ги менува пелени на децата, бидејќи многу од нив не знаат како да одат сами во тоалетот.

„Постои зголемување на бројот на деца кои не знаат како да го користат тоалетот, што е ужасно тешко за наставниците, но исто така и за другите деца кои го немаат овој  проблем. Не можете да очекувате дека училиштето ќе биде замена за родителите или дека ќе ги третираат како во градинка“ вели училишниот инспектор Аманда Спилман.

Маркетинг

Крис Тоу, член на Советот за образование, зборуваше со директорите на  основните училишта и беше шокиран од она што му беше кажано дека скоро 80 деца го имаат овој проблем. Инаку, децата во Велика Британија одат на училиште од пет години, а во средно училиште заминуваат на 11 години.

„Тука зборуваме за петгодишни деца, што е едноставно неприфатливо! Децата не знаат како да комуницираат правилно, не знаат како да користат прибор за јадење, не знаат како да чуваат пенкало, ако немаат основни вештини, како можат да се образуваат? Тоа само ќе биде полошо “, изјави Toу.

Маркетинг

Една студија покажала дека родителите немаат доволно време да се справат со своите деца и да ги научат на некои основни однесувања, што е неприфатливо за наставниците, бидејќи таа одговорност паѓа врз нив.

„Многу родители сметаат дека не е важно да се подготви детето за да оди на училиште, па затоа не посветуваат премногу внимание на нивното однесување”, заклучува Спилман.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button