Реклама
Вести

Утре се празнува светецот кој ја исполнува секоја желба: Еве што треба да направите

Реклама

Утре е Св. свештеномаченик Автоном.

За време на прогоните на Диоклецијан, Автоном кој беше по потекло од Италија се пресели во областа Витинија во Мала Азија, во некое место Сореос. Во црквата тој беше епископ. Во Сореос ја подигна црквата Свети Архангел Михаил.

Близу Сореос се наоѓаше местото Лимна, населено исклучиво со незнабошци. Свети Автоном го проповедаше Евангелието и тука и многумина обрати во евангелската вера. А незнабошците се озлобија поради тоа. Еден ден тие навалија во храмот Свети Архангел Михаил и го убија свети Автоном во олтарот, а убија и многу други христијани во храмот.

Маркетинг

Во времето на Константин на гробот на свети Автоном беше подигната црква, а 150 години потоа беа пронајдени и нетлените мошти на овој светител, преку кои многумина добија исцеление.

Маркетинг

На овој ден се верува дека Автоном ги исполнува желбите.

“Беше наследник на Апостолот на престолот, затоа кажуваше вистина и за верата до смрт пострада. Моли го Христос Бог за спас на нашите души”.

Мнозина болни добија здравје од светите мошти на овој светец.

На овој ден се верува дека молитвата на Светиот свештеномаченик Автоном носи здравје и напредок на секое семејство, па треба да му се помолите. По молитвата, преданието вели дека треба да замислите желба која сакате да ви се исполни, а светецот ќе ви ја исполни.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button