Вечерва на полноќ, сите води на светот престануваат да течат, а оној кој ќе се најде на отворено, и го види отворањето на небото, може од Бог да бара исполнување на желба.
Денот кога Исус Христос бил крстен во реката Јордан. Според христијанското верување, во 30-тата година од нашата ера Исус Христос како дрводелец живеел со неговата мајка Марија и нејзиниот маж Јосиф, кога го повикал Јован Крстител да го крсти во реката Јордан.
Водици по правило се празнува два дена. Првиот ден е 19 јануари, кој покрај Богојавление уште се нарекува и Војордание и Машки Водици. Вториот ден пак е следниот, 20 јануари, наречен Женски Водици.
Според Библијата, веднаш по крштевањето, а тоа е објавено со потопување во вода три пати, небото се отвори и се чул гласот на Отецот Бог, кој соопштил дека Исус е неговиот син, а потоа на рамото на Исус слетал Светиот Дух во вид на гулаб. Крштевањето на Исус го означи почетокот на неговата мисија и проповедта.
Богојавление е еден од петнаесетте најголеми христијански празници. Вековни традиции и верувања.Според мислењето на многумина, за Водици ги имаме најубавите традиции, а празникот се карактеризира со голем број на други верувања од минатите векови.
Се верува дека немажените девојки, ако стават огледало под перницата на 18 јануари вечерта, ќе го сонуваат човекот за кого ќе се омажат. Исто така, во некои делови, младите девојки замесуваат од тесто три-четири топчиња и во три од нив ставаат ливчиња на кои се испишани имињата на нивните симпатии. Четвртото е празно. Потоа топчињата се ставаат во вода која врие, и првото топче кое ќе исплива, го носи името на љубовта таа девојка.
Именден празнуваат Богдан, Бојан, Богомил, Богдана, Данчо, Данка, Даница, Јордан, Јорданка, Јован, Јованка.Затоа, вечерва на полноќ, отворете го прозорецот и посакајте желба … треба да биде јасна и богоугодна …недвосмислена и имајте малку верба! Не треба да ви штети.
Нека ни е честит еден од најголемите и најубавите христијански празници!