Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Утре е тежок празник – ова никако не смеете да го правите

Реклама

Овој ден во верскиот календар е обележан со црвени букви, а исто така се налага пост, без разлика на кој ден во неделата е.

МПЦ и нејзините верници го прославуваат големиот христијански празник кој не потсетува на страдањето на Свети Јован, кој е наречен уште и кум Божји. Овој ден во верскиот календар е обележан со црвени букви, а исто така се налага пост, без разлика на кој ден во неделата е.

Страдањето на Јован Крстител се случило за време на царот Ирод Антипе, кој бил син на Ирод Постариот. Тој бил оженет со ќерката на арапскиот кнез Арет. Тој ја избркал својата законска жена и си ја зел за љубовница Иродијадина, жената на својот брат Филип.

Маркетинг

Против ова безаконие се јавил и Свети Јован, но тоа го чинело темница. Во текот на една забава на која играла Саломија, ќерката на Иродијадина и Филип, паднала и одлука за одземање на главата на Свети Јован. Со својот стомачен танц Саломија успеала да го маѓепса веќе пијаниот цар, и по наговор на мајка си ја барала главата на Свети Јован на тацна. Царот тоа веднаш и го наредил.

Утрешниот празник е посветен на  Св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на Св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост. Во народниот говор, согласно некои дијалекти празникот се среќава со имињата Свети Јован Сечиглав, (како што го пишува М. Цепенков), Свети Јован Отсечен, Свети Јован Опсечен, некаде едноставно само Отсечение или Опсечение.

Маркетинг

Оттука може да се види и значењето на овој лик во христијанската вера и воопшто во верувањата на нашиот човек. Во народниот живот и во народното верување Свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се кажува во преданијата и како што се пее во песните, кога светците ги делеле функциите свети Јован ги добил кумството и побратимството.

Значењето на Свети Јован Крстител неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл.

Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин.Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button