Реклама
Вести

Утре е голем празник, овa не се простува! Обичајот не е добро да се прекрши бидејќи се верува…

Реклама

Утре е 25 септември (по стар стил) и се слави Преподобна Ефросинија.

Ќерка на Пафнутиј, богат и прочуен човек од Александрија. Од бездетни родители, кои со молитва ја беа испросиле од Бога. Како благочестиви луѓе, тие ја воспитаа во верата Христова.

Не сакајќи да стапи во брак, младата Ефросинија, за да се скрие од татко ѝ, се преоблече во машка облека и се пријави пред игуменот на еден машки манастир како евнух на царот Теодосиј, под името Измарагд. Игуменот го прими и му го предаде под раководство на духовникот Агапит.

Маркетинг

Со својот подвиг на пост и молитва Измарагд брзо ги надмина сите монаси во тој манастир. Кога наврши триесет и осум години во тешкиот подвиг, тој манастир го посети Пафнутиј и игуменот го упати кај Измарагд заради молитва и утеха. Измарагд го препозна Пафнутиј, но Пафнутиј не го позна Измарагд.

Маркетинг

Кога таткото ја исповеда својата тага по изгубената ќерка, Измарагд му рече да не губи надеж, бидејќи уште во овој живот ќе ја види неговата ќерка, а го замоли повторно да дојде кај него по три дена.

Кога Пафнутиј дојде повторно, Измарагд лежеше на смртна постела. Тогаш му рече на Пафнутиј: „Јас сум Ефросинија, твојата ќерка, ти си ми татко!“ Таткото долго не можеше да си дојде на себе од страшното изненадување.

Тогаш издивна блажената Ефросинија и татко ѝ ја оплакуваше над одарот. Откако ја погреба, и самиот стапи во оној манастир и се всели во келијата на неговата упокоена и света ќерка.

По десет години подвиг, се упокои во Господа и свети Пафнутиј.

Се верува дека оваа светица ќе му подари мир и сила во животот на секој кој денес ќе ѝ се помоли и ќе и упати богоугодни зборови на Света Ефросинија.

Верувањето вели дека обичајот не смее да се прекрши бидејќи тоа е голем грев.

„Господи Боже наш, Пресвета и Пребогата Троица, помилуј нè грешните и спаси не. Тебе слава и фала засекогаш“. Амин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button