Реклама
Вести

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК – жените треба да го направат ова

Реклама

Утре на 13 септември се празнува Чудотворниот појас на Пресвета Богородица.

Поради чудото што се случило кога овој појас на Пресвета Богородица ја излекувал царицата Зоја, сопругата на царот Лаф Филозоф, определен е овој празник, кој нашол место и во нашата традиција.

Празникот Положување појас на Пресвета Богородица или Богородичин појас се празнува во спомен на денот кога Богородица прв пат се опашала. Меѓу облеката останата од Пресвета Богородица бил и нејзиниот појас, кој бил предаван од поколение на поколение меѓу верниците. Во V век Појасот бил пренесен од Ерусалим во Цариград и бил положен во скапоцен ковчег во црквата „Св. Богородица“.

Маркетинг

Во X век се случило чудо во врска со овој појас кога се излекувала царицата Зоја, сопругата на царот Лаф Филозоф. Имено, таа во сонот имала видение дека ќе оздрави од тешката болест, ако врз неа биде положен појасот на Пресвета Богородица. Тоа било и направено, појасот врз неа го положил самиот патријарх по што таа веднаш оздравела. Потоа појасот пак со многу внимание бил положен во истиот ковчег. За спомен на ова чудо во врска со оздравувањето на болната царица во X век е востановен овој празник.

Маркетинг

Жените овој празник го минуваат во строг пост и молитва, за полесно да раѓаат, а оние кои не можат да имаат деца одат во црква или манастир посветен на Богородица ија молат за милост.

Велат дека со молитвата жените кои не можат да имаат деца ќе добијат, а болните ќе се излечат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button