Реклама
Вести

Утре е голем празник: Девојките треба едно нешто да направат, Богородица ве чува!

Реклама

Утре е најголемиот женски православен празник.

За што се молат жените утре на Покровот на Пресвета Богородица и кои обичаи мора да ги почитуваат!

На 14 октомври, Православната црква и нејзините верници го слават празникот Покров на Пресвета Богородица, настанот што црквата го слави на овој ден се случил на 14 октомври 911 година.

Маркетинг

Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите застапнички молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните.

Маркетинг

Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати.

Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград. Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше свети Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маченици и девици. Гледајќи го тоа видение свети Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се восхитувам!“ Заради ова се востанови ова празнување, за да нè потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.

Обичаи и верувања

Македонците особено ги почитуваат и празнуваат сите денови поврзани со Пресвета Богородица, па така и овој. Кај народот се познати следниве народни обичаи поврзани токму со овој ден:

„Ако некоја девојка сака среќно да се омажи, тогаш на овој ден мора да отиде во црква и да се помоли пред иконата Покров на Пресвета Богородица. Притоа треба да понесе пешкир кој ќе го дарува на црквата и да и‘ се помоли на Богородица да и помогне во вкрстувањето на патиштата со оној кој ќе и биде животен сопатник.“

На овој ден обично младите брачни парови одбирале некој брачен пар за пример, кој во тоа место бил познат по среќа, хармонија и разбирање, па оделе кај тие маж и жена за да се посоветуваат како да го унапредат и својот живот во заедницата.

Исто така, на овој ден се верувало дека немажените девојки треба да испечат колач и да го чуваат ноќта покрај кре-ветот, за на тој начин да го привлечат идниот брачен сопатник.

За разлика од нив, мажените жени пак, купувале или береле хризантеми и ги оставале пред врата за да привлечат среќа, љубов и семејна благосостојба. Се смета дека најсреќните бракови се склопуваат токму на овој ден.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button