Реклама
BEAUTYНега и здравје

Уринирате додека се туширате? Експертите откриваат колку е тоа хигиенски

Реклама

Ако мислите дека вашата урина е апсолутно стерилна и дека нема да имате никаков проблем додека се туширате да уринирате бидејќи ќе се измие, сте се измамиле, велат експертите од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Северозапад.

“Уреа, креатин и амонијак се отпади кои се излачуваат со уринирањето, а некои од нив, како амонијакот, имаат исклучително непријатен мирис – особено кога сте дехидрирани и неговото ниво е повеќе концентрирано”, вели урологот др. Стефани Килб.

“Не треба да урнирате додека се капете, особено ако земате додатоци во исхраната, бидејќи и тие делумно се испуштаат во урината”, советува Килб.

Маркетинг

Долго време научниците верувале дека урината е стерилна, но неодамнешното истражување го оспорува ова тврдење. Да има бактерии во урината, беше објавено во 2014 година на собирот на Американското друштво за микробиолози во Бостон.

Еван Хилт, еден од истражувачите кои работеле на студијата, вели дека бактериите можат да бидат присутни во здрава урина, бидејќи научниците од Лојола веќе откриле бактериска ДНК во претходните студии. Но, тогаш, во 2012 година, тоа не беше доказ дека во неа имало живи бактерии.

Маркетинг

Со цел целосно да ја решат оваа мистерија, научниците чуваат урина собрана преку катетри, со и без кислород, за 48 часа. Се покажа дека постојат бројни бактерии во “стерилната урина”, а научниците заклучиле дека никој досега не ги открил од едноставна причина – бидејќи никој не ги прашал.

“Исто така, штетните бактерии од урината можат да стигнат до оштетената површина на кожата и да создаваат проблеми и инфекции. Дури и ако немате видливи рани, микропорезата предизвикана од посилен пилинг може да го отвори патот за бактериски влез”, вели д-р. Гери Голденберг, доцент по клиничка дерматологија со Факултетот за медицина на Икан.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button