Ураганките направија хаос во финалето на Евровизија – публиката ВООДУШЕВЕНА, девојките приредија вистински спектакл!
Публиката врескаше, а нивниот настап беше маестрален.
Претставничките од Србија настапија со песната „Loco, Loco“ и ги собраа симпатиите од публиката.
Настапот беше брутален и публиката беше во транс кога трите девојки од „Хурикејн“ замешаа на сцената.
Да потсетиме, девојките пред настапот беа фотографирани како јадат во бекстејџ, што предизвика хаос на социјалните мрежи, а фановите беа воодушевени. Не се знае дали заради трема или од глад одлучиле да јадат пред настапот. но кога се појавија на сцената ја освоија целата публика во салата.
Сања, Ивана и Ксенија настапија со песната „Loco, Loco“ под реден број осум. Што се однесува до обложувалниците, на претставничките од Србија им предвидуваат 17-то место, иако на официјалниот Јутјуб канал на Евровизија нивната песна води според бројот на прегледи.
Нивната песна „Loco Loco“ има скоро пет милиони прегледи за само два дена, што е многу повеќе од сите останати.
На пример претставничките на Исланд, Албанија и Грција кои исто така поминаа во финалето, имаат околу милион прегледи.
Како и да е, Хурикејн оставија одличен впечаток, но дали тоа ќе биде доволно за победа, останува да видиме.
Фото: Принтскрин/ Евровизија
Фото: Принтскрин/ Евровизија
Како изгледаше настапот на „Хурикејн“, погледнете на крајот од галеријата…
Фото: Принтскрин/ Евровизија
Фото: Принтскрин/ Евровизија
Фото: Принтскрин/ Евровизија
Фото: Принтскрин/ Евровизија
Фото: Принтскрин/ Евровизија
Фото: Принтскрин/ Евровизија
Фото: Принтскрин/ Евровизија
Фото: Принтскрин/ Евровизија
Фото: Принтскрин/ Евровизија/ Евровизија