Наши ѕвезди

Уникатна венчавка, СУПЕРМЕН „долета“ со црвен олдајмер-Зурли и тапани одекнаа во Битола , се ожени МАКЕДОНСКИОТ ИДОЛ!

Виктор Апостоловски и Милена застанаа пред лудиот камен

Advertisement

Секогаш насмеан, ведар и расположен, пејачот Виктор Апостолосвски викендов  се реши да го каже судбоносното „ДА“.  Тој пред лудиот камен застана со неговата избраничка Милена  Доневска.

Свадбата се случуваше во еден битолски ресторан.

Advertisement

Виктор ја изненади својата сакана , но и гостите бидејќи за првиот свадбен танц направил специјално песна за неговата љубена, Песната се вика „Омилена“.

Младите се одлучиле да направат целодневна традиционална венчавка со сите битолски адети.

Advertisement

Специфично е тоа што Виктор по невестата бил со црвен олдајмер.

 

Младоженецот со црн шеѓир на главата и ретро одело, а невестата како Пепеплашка во прекрасна гламурозна венчаница со раскошна кринолина.

На свадбата биле поканети 300 гости, а веселбата се случила во еден битиолски ресторан.

Инаку, Виктор и Милена беа во врска околу три години, а запросувањето се случи во јануари годинава, кога тој на патување во Турција реши да и стави прстен на раката.

Милена по професија е медицинска сестра.

Виктор или на јавноста познат како професор ВА, го паметиме по неговото претствување на Македонски идол и  по второто освоено место  за песната „Супермен“ на  минатогодишниот избор за песна за „Евровизија“.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button