Реклама
Интервју

„Умереноста е најдобрата и клучна алатка за функционирање на човекот, Бидете умерени во се“

Реклама

Од љубов и пасија кон готвењето, до професионален блог за готвење. Нема кој не се запознал со блогот насловен „Готвиме со Бранко“, каде ќе најдете инспиративни идеи за секоја пригода. Бранко Попоски има вкусен рецепт за секој еден кој сака да вкуси нешто ново и интересно.

Како започна приказната со готвењето и создавањето на ”Готвиме со Бранко”?

Приказната започна на многу едноставен и интересен начин. Си реков себе си, време е да направам нешто корисно за мене а во исто време интересно за луѓето на социјалните медиуми . Готвењето ми беше пасија од секогаш и го искористив максимално во креирање и пласирање на проект кој го доби името Cooking with Branko.

Кои се тајните на добриот шеф?

Љубовта. Најголемата тајна. Љубовта во секој рецепт е исполнување на душата. Тоа е чувство кој може да го сфати само оној кој што максимално посветен на работата во кујна. Тоа е магија. Таа магија потоа се пренесува на оној кој што ја конзумира храната. Се прави едно посебно поврзување на Cooking with Branko – храната и оној кој што ја јаде храната. Не постојат други тајни освен онаа најубавата, биди заљубен и храната ќе биде најубава.

Маркетинг

Која е најчестата грешка што ја правиме при готвењето?

Доколку се препуштиме на преголема имагинација знаеме доста многу да залутаме. Па, да не го добиеме тоа кое што сме го зацртале. Јас секогаш викам дека треба да се имагинира односно да се фантазира во готвењето но тоа да биде до одредено ниво. Се што е претерано ќе биде грешка. Ми се случило неколку пати, но .. тој што работи, тој и греши. Треба да учиме од грешките. Не прават посилни.

Како е најдобро да се приготват јајца?

За мене најдобро приготвено јајце е вареното јајце на тивок оган околу 12-тина минути. Мој совет е пред да го варите оставете го на собна температура околу 10-тина минути за да избегнете пукање на лушпата при варењето. Откако ќе се свари, стаавете го во ладна вода, за да се лупи полесно.Вареното јајце најмногу го сакам во комбинација со авокадо, сол и бибер, и потпечени лепчиња на тостер. Мммм ..

Маркетинг

Што сакаш најмногу да готвиш? Сподели го со нас твојот омилен рецепт?

Италијанската кујна ми е НАЈ омилена. Посебно кога е во прашање готвењето на паста. Би го одвоил последниот рецепт кој што го готвев а тоа се лингивини со три видови на сирење.

Потребни состојки:

– 300 гр. паста (лингвини)

– 2 шољи млеко

– 3 лажици бело брашно

– 70 гр. путер

– 2 чаши рендано сирење чедар

– 1 пакување сино сирење

– 1 пакување моцарела (топче)

– 1 чешне лук

– Сол и бибер

– Морско оревче

Рецептот можете да го погледнете и на мојот YouTube влог https://www.youtube.com/watch?v=lUe9VhNxeJ0&t=1s

Уживајте

Што ќе препорачате да проба кога некој ќе дојде во Вевчани?

Вевчанската пита односно виткалникот, вевчанскиот кашаник и вевчанските луканци. MUST храна кој мора да ја проба секој оној кој што ќе го посети Вевчани. Во рестораните и угостителските објекти во Вевчани секаде ќе ве угостат со оваа храна која што најдобро оди со вевчанска ракија или пак вевчанска керф – виното.

Што има Вевчани и ниту едно друго место во Светот?

Вевчанските извори, Вевчанскиот карневал, вевчанскиот дух и непокор, Држава во Држава со свое знаме, пари (личници) и една посебна карактеристика која не може да се опише со зборови, мора да почувствува и мора да си вевчанец. Душата е посебна. Ние сме посебни.

Какво беше вашето детство?

Пред неколку дена додека готвев дома, се вратив 18 години назад. Се вратив пред куќата на мојот најдобар другар како викам “Стојан, излези да играме жмурка и да ги собереме и другите наши другари”. Се сетив на моментот кога тропавме и одевме од врата на врата за да ги собереме другарите да играме на гумно. Немавме телефони, немавме компјутери, имавме само глас да викнеме, да се собереме и да зборуваме со саати за турнирот во фудбал, за одење на пикник во планина, за летото, за собирање на костени и ореви и крадење на цреши од најубавата цреша на комшијата. Ах .. моменти кои вечно ќе ги паметам. Кога ќе се потсетам ми доаѓа да заплачам, да заплачам од радост! Би го вратил времето, само за да им кажам на моите внуци, моите помали братучеди како ни беше нас и што беше убавото во тоа.

Кој подобро готви жените или мажите?

Без предрасуди. Кај мене не постои поделба. Сите сме еднакви и сите сме победници. Ова е свет на мажите и жените. Ова е свет каде што само заедно можеме да успееме во едно нешто, а тоа е да живееме среќно и да се смееме. Ни недостига насмевка. Ни недостига прегратка и љубов.

Покрај твојот блог размислуваш ли да направиш телевизиско кулинарско шоу?

Да.. секако! 2020-та нека биде годината кога Cooking with Branko ќе се појави на една од нашите телевизии, а зошто да не и надвор од границите на Македонија. 24 KITCHEN here we come!

Кое е твоето омилено јадење?

Паста, паста паста .. и по 100 пати ПАСТА! Со било каков сос и со многу лук. Обожавам лук. Хахаха ..

Што треба да се јаде во овој постпразничен период?

Многу салати, овошје и да се пие многу вода и свежо цедени сокови. Портокали, јаболки, лимон. Јас сум човек кој што редовно посетува фитнес. Се грижам за своето здравје и сакам да упатам една порака до сите – умереноста е најдобрата и клучна алатка за функционирање на човекот. Биди умерен во се.

Поврзано

Back to top button