Ужива ЗА СИТЕ ПАРИ: Зоран Ванев посреќен од било кога – пејачот ГИ ИЗРАДУВА фановите

Македонскиот пејач ѝ се врати на старата љубов, ги спакува куферите и замина во Австралија.
На радост на неговите фанови тој повторно ѝ се врати на музиката иако велеше дека завршил со таа фаза во животот.
Зоран Ванев ги испеа едни од најголемите хитови на овие простори.
Освен во Македонија, голема популарност стекна и во соседството.

„Ангела Ангела“, „Јужна пруга“, „Лила“, „Моника“ се песните кои ги испеа Зоран Ванев, а кои до ден денес се големи хитови и ги пеат новите генерации.
Не може да помине ниту една веселба на Балканот без неговите песни.

Кон крајот на 90-те уживаше огромна популарност на Балканот и беше еденод најпознатите, но и најбараните пејачи.
Неговата публика беше разочарана откако тој се повлече од музиката и продолжи да се занимава со сосема различна професија.

Тој е првиот Македонец во Швајцарија кој има титула доктор за природна медицина од „Парацелсус Академијата“ која е призната на државно ниво на сите установи како во Швајцарија, така и во другите европски држави. Неговата клиника се наоѓа на самата железничка станица Шлирен во Цирих и во неа се третираат најразлични болести.
Во Швајцарија се пресели со своето семејство и целосно се повлече од естрадата.

Но, љубовта кон музиката никогаш не згаснува и тој одлучи да продолжи каде што застанал.
На радост на неговите фанови тој повторно ѝ се врати на музиката иако велеше дека завршил со таа фаза во животот.

Во моментов е на турнеја во Австралија, од каде сподели фотографии со новиот имиџ.
Пејачот се пофали со новата фризура, а насмевката на неговот лице е доказ дека му оди подобро од било кога.
Погледнете:

ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев
ФОТО: Инстаграм / Зоран Ванев