Реклама
Uncategorized

УЖИВА ВО МАЈЧИНСТВОТО: Актерката од македонските народни приказни ја покажа ќеркичката – ЦЕЛА Е НА ТАТО

Реклама

Македонската актерка ужива во мајчинството, а сега покажа и колку пораснала нејзината ќеркичка.

Актерката Ирена Илиевска македонската публика ја заозна како дел од новите македонски народни приказни кои се емитуваат на Канал 5 телевизија.

Таа секогаш има улога на девојка која е итра, но и мудра и го добива она што го замислила.

Маркетинг

Како што многупати има изјавено, љубовта кон глумата ѝ се родила уште додека била ученичка во основно училиште, а први учители и биле двајца наши големи актери Тони Михајловски и Александар Микиќ.

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

Ирена долго време работи на Македонските народни приказни, преку кои се стекна и со популарност.

Маркетинг

Според неа приказните се дел од нас, од нашето минато, минатото на нашите прабаби и дедовци и дека тоа богатство и код длабоко впишан во нас треба сите да го негуваме.

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

Иако она што публиката го гледа како готов производ има за цел да ја забавува, сепак снимањата и не се толку забавни секогаш. Се снима во многу автентични услови, односно умее да биде или престудено или претопло, но дека актерите самите си прават убава атмосфера за снимањето да помине побрзо.

Народните приказни не се нејзин единствен ангажман. Актерката глуми и во многу театарски претстави, а својот глас го позајмува и во синхронизираните турски серии.

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

– Сум си одбрала професија која што не ти ја дава таа привилегија да ја работиш, ако не ја сакаш. Себична е, ако си се одлучил за неа, те зема цел, те купува и нејзин си. Така да секако дека уживам и во овој проект, бидејќи правам нешто што е дел од мојата професија.

Морам да признаам дека кога се вработив велев „театарот ми е прва љубов и не се откажувам од него, но додека не се отворат места по театрите, мора да се работи“.

Сепак, многу скоро откако почнав да снимам се вљубив и во камерата и филмот воопшто, кажа Ирена во едно свое интервју.

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

Но, најубавата улога во која максимално ужива е секако улогата на мајка.

Таа и нејзиниот партнер, ракометарот Мхаил Петровски, меѓу соиграчите познат како Пинки го добија своето прво чедо, ќерката Ева.

Пед две години Пинки ја запроси Ирена, а романтичниот настан се случи на Малта, каде двојката ги мина Новогодишните празници.

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

По една година од запросувањето тие добија уште една причина која максимално ги поврза. Им се роди круната на нивната љубов, ќерката Ева.

Актерката убавата вест ја сподели на социјалните мрежи, каде напиша емотивна порака посветена за својата ќерка.

Денес малата Ева веќе има една година и е копија на тато.

Актерката понекогаш споделува и нивни заеднички фотографии преку кои може да е види колку порасала малата убавица.

Она што мора да се забележи е тоа дека Ирена својата линија веднаш ја врати во првобитна состојба и изгледа подобро од било кога.

Погледнете:

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

ФОТО: Фејсбук / Ирена Илиевска

 

Поврзано

Back to top button